Жиковишки манастир
Жиковишки манастир „Св. Атанас“ (грчки: Άγιος Αθανάσιος Ζηγκοβίστης или Ζηκόβιστας) — манастир во Костурско, Егејска Македонија.[1][2][3][4] Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија. МестоположбаМанастирот се наоѓа во областа Костенарија, на територијата на Општина Рупишта. Сместен е на рид меѓу селата Жиковишта и Либешево. ИсторијаСпоред два турски фермана, подоцна изгубени, манастирот е изграден во 1629 г. и со тоа е најстариот споменик на архитектурата во Костенаријата. Митрополитот Филарет Костурски (1889 - 1899) напишал дека на северното крило на манастирот има плоча која говори за негово обновување од Партениј во 1747 г.[4] Во 1759 г. е изграден метохот, а следната година и направено и северното крило.[4][5] Во главниот дел на црквата има фрески од 1785 г., а оние во припратата во се од 1787 г.[3][6] Живописот е дело на мајсторот Михаил од епирското село Кионат.[7] На плоча на јужниот ѕид стои годината 1817.[4] Зачувани се два ктиторски натписа — еден во наосот и еден во нартексот.[4] За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 – 1908) манастирот бил збирно место за андартските чети. Затоа, по андартскиот напад на селото Езерец на 15 март во кој загинале 8 Македонци, на 2/17 март 1905 г.[8] овој манастир е нападнат и наполно изгорен (си исклучок на црквата) од Костенариската реонска чета на МРО на чело со Кирјак Шкуртов и милицијата од костенарските села.[9][10] Пред тоа се ликвидирани гркоманите Атанасиос Борозис и Фотиос Фотијадис од Либешево, кои зеле учество во убиството на костурскиот војвода Костандо Живков.[11] Во 1918 г. манастирот ѝ е одземен на Костурската епархија и станал дел од Шишанско-сачишката. Долги години во него служел отецот Сидер Ковачев (Сидерис Ковацијадис) од Либешево.[11] Во 1976 г. манастирот е прогласен за заштитен споменик на културата.[3][6] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia