Езерец (Костурско)
Езерец (грчки: Πετροπουλάκι, Петропулаки; до 1926 г. Έζερετς, Езерец[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и останало такво до денес.[3] ГеографијаСелото се наоѓа во источното подножје на планината Горуша во областа Костенарија, на 24 км југозападно од Рупишта. ИсторијаПотекло на иметоТодор Симовски дава две можности за потеклото на името Езерец. Според првата, преданието вели дека крај селото имало мало езеро кое одамна исчезнало. Втора можност е дека името води потекло од словенското племе Езерци, за кое се знае дека уште во VII век било населено на Пелопонез, и чии групи по востанието од IX век се населиле на север во овој крај.[3] Во Османлиското ЦарствоВо XV век во селото Езерце, Горичка каза се заведени по име 41 стопан на домаќинствата.[4] На крајот од XIX век Езерец било македонско село во Костурската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Езерец имал 105 жители, сите Македонци.[5][6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Езерец е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 30 куќи.[7] Селото се наоѓало на самата македонско-грчката јазична граница — првото село на југ е Дислап, тогаш населено со Грци-муслимани (валахади), а на југозапад се Скумско и Ланга, населено со Грци христијани, а на север е албанското Вичишта. На почетокот на XX век целото население на Езерец било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот од 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Истата година турските власти не му дозволиле на учителот Н. Василев од Нестрам да отвори народно училиште во селото.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Езерец има 240 Македонци, сите под егзархијата.[5][10] Според Георги Константинов Бистрицки Езерец пред Балканските војни имал 30 македонски куќи.[5][11] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) исто така вели дека во овој период Езерец (Jезерец) имал 30 македонски куќи.[12] Селото било сочинето од два рода. На еден род припаѓале семејствата Томовци (4 куќи), Ставровци (3 куќи), Паскаловци (4 куќи) и Неновци (2 куќи). Овој бил староседелски род, со вкупно 13 куќи. Другиот понов род го сочинувале семејствата Димитровци (3 куќи), Кирјазовци (3 куќи), Насковци (5 куќи) и Миновци (5 куќи). Овој понов род имал вкупно 16 куќи. Нивниот чукундедо се доселил од Жервени за време на неговата исламизација во XVIII век, бидејќи не сакал да си ја смени верата.[13] Селото било упориште на комитите во Костенаријата и на многу наврати е напаѓано од грчки андартски чети. Според зборовите на Христо Силјанов:
Уште со поајвата на андартството во македонија, Езерец како прво големо македонско село на север од етничката граница станал мета на грчкиот терор. На почетокот на 1904 г. Георгиос Цондос (капитан Вардас) убил 6 членови на селскиот комитет на ВМОРО.[15] на крајот на ноември андартски четници убиле уште 8 езерчани.[16] На 15 март 1905 година Езерец е нападнат од четата на Филипос Китрињарис (капетан Ливас), предводена од попот на селото Скумско, при што андартите утепале 8 селани.[17][18][19] Тана Насковска, бегалка од Езерец, се присеќава на тој напад:
Во одмазда на нападите, реонската чета на Кирјак Шкуртов го запалила Жиковишкиот манастир, кој служел како прибежиште на андартските чети.[19] На 20 декември/2 јануари 1905/06 г. селото повторно е нападнато од обединетите чети на Андонис Влахакис (капетан Лицас) и капетан Лукас Кокинос, кои изгореле две куќи и убиле неколку членови на селската милиција. На 1/14 јануари здружените чети на Лицас и Лукас повторно го нападнале Езерец, но овојпат биле одбиени од четата на Митре Влаот и селската милиција, при што андартите завршиле со 8 убиени и 1 ранет.[21][22] На 6 мај 1906 г. Езерец е нападнат од Андонис Влахакис истовремено со големиот напад врз Осничани; во оваа борба загинале самиот Влахакис и капетанот Леонидас Петропулакис. Летото истата 1906 г. Езерец повторно е нападнат и изгорен од обединените чети на Лукас Кокинос и Вангелис Влахас.[23] Во септември 1906 г. османлиски единици успеале да убијат тројца четници на ВМОРО обиколени во Езерец.[24] Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, во 1910 г. во Езереци (Έζερετςι) имало 25 семејства од кои тогаш останале само 20 бидејќи селото било упориште за комитите и е изгорено од Турците во 1906 г.[25] Во Грција![]() За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегува во состав на Грција. Во истата 1913 г. Езерец имал 209 жители.[3] Милоевиќ бележи дека од насилствата во ова време се 5 куќи од Езерец се преселиле во Рупишта.[26] Во 1926 г. селото е преименувано во Петропулаки, во чест на андартскиот капетан Леонидас Петропулакис.[27] На пописот од 1928 г. забележани се 235 жители.[3] За време на Втората светска војна селото настрадало од окупациските власти.[28] На страната на паравоената организција „Охрана“ имало 7 селани, а на страната на ЕЛАС се бореле 10 партизани, потпомогнати од 16 соработници. Селото силно настрадало во Граѓанската војна. Вкупно 46 жители на Езерец се бореле на страната на Демократската армија на Грција (ДАГ). Селото претрпело 11 блокади. Во ноември 1946 г. во казнена операција изгорени и ограбени се куќите на Т. Гата, Т. Варсамовски, А. Варсамовски, Евтим Насковски и Н. Насковски. Изгорени са уште 5 плевни, претепани се А. Томовски и П. Миновски, стариот Варсамовски и А. Варсамовски, а ранета е Панајота Томовска.[29] Во нападот во 1947 г. на вооружените сили на чело со И. Спиропулос од селата Ланга и Забрдени е убиен Х. Кочовски, тепани се Д. Николовски, Г. Миновски, В. Насковски, Х. Томовски, П. Гата и жена му, Сидерула Зиковска, Елефтерија Зиковска, Андромахи Варсамовски, Зоица Варсамовска и Зоица Миновска и други — вкупно 31 лице. Затворени се К. Томовски, В. Насковски, И. Миновски и П. Миновски. Ограбени се речиси сите куќи.[29] Украдени се 1000 овци, 50 волови, 4 прасиња, 100 килими, 100 рала чорапи, 500 оки жито, 400 оки грав, 350 оки сирење и 120 оки масло. Обесчестени се жените Димитра Николовска и Марија Томовска. Селото дало многу жртви. 47 семејства и 17 поединци го напуштиле Езерец и во селото станале само 14 семејства.[30] Вкупно 72 деца од Езерец се изнесени од државата како деца-бегалци. Жителите традиционално се занимаваат со сточарство, а подоцна почнале да ја обработуваат и слабо плодната земја во нивниот атар. Езерчани често оделе на печалба како мајстори за производство на ќерамиди.[30] Во периодот на Првата светска војна Милоевиќ забележал дека на рамните површини околу селото се одгледувале житни култури, а падините под нивите биле засадени со лозја.[31] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia