Жиковишта
Жиковишта (дијалектно: Жиковишча; грчки: Σπήλιος, Спилиос; до 1927 г. Ζηκοβίστα, Зиковиста[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и останало такво до денес.[3] ГеографијаСелото се наоѓа на 23 км југозападно од Рупишта, на јужните падини на планината Одре. Во близина е сместен Жиковишкиот манастир „Св. Атанасиј“ од 1629 г. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Жиковишта (Зиковища) има 300 жители Македонци, но смета дека во селото веројатно има и некои Грци или погрчени Македонци. Машкото население начелно знаело грчки, но по дома зборувало македонски.[4][5] На почетокот на XX век целото население на Жиковишта било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот од 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[6] Според Георги Константинов Бистрицки, Жиковишта пред Балканските војни се состоело од 40 македонски куќи.[4][7] Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Циковишта во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Населичката каза.[4][8] Според Георгиос Панаjотидис, учител во Цотилската гимназиja, Зиковишта (Ζηκόβιστα) заедно со Либешево (Λιμπίσοβον) и Лучишта (Λουτσίστα) се дел од областа Костенарија и во 1910 г. во трите села имало 130 македонојазични семејства. Според Панајотидис трите села биле такви уште од старо време, но под под влијание на браковите во соседните „грчки“ села, тој во скоро време очекува погрчување, земајќи предвид дека во Либешево погрчувањето наводно било веќе во последни фази.[9] Во селото работело основно грчко училиште со 1 учител и 30 машки ученици.[10] Во ГрцијаЗа време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. тоа е припоено кон Грција. Таа година населението броело 214 жители.[3] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека во Жиковишта (Зиковишта) пред Балканските војни имало 35 македонски христијански куќи.[11] Во 1920 г. бројот на жители се намалил на 153 лица.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во Спилиос. Населението било релативно сиромашно и одело на печалба.[3] За време на Граѓанската војна селото страдало од напади на вооружени монархистички банди. По војната започнало значајо иселување во прекуокеанските земји и во Костур, каде жиковиштани работеле во крзнената индустрија.[3] Во 1972 г. Жиковишта, заедно со Нестиме и Либешево е одвоено од Кожанскиот и префрлено во Костурскиот округ. Во црковен поглед трите села останале во составот на Шишанско-сачишката епархија.[12]
НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia