Костенарија

Тана Кировска — револуционерка од Осничани.

Костенарија — историско-географска и етнографска област во Егејска Македонија. Костенарија е најјугозападниот крај на македонското етничко подрачје.

Во оваа област се наоѓаат селата од општината РупиштаПесјак, Семаси, Шкрапари, Бела Црква, Госно, Старичани, Жужелци, Долени, Мангила (Монгила), Осничани (Сничени), Нестиме, Жиковишта, Лучишта, Либешево, Езерец, Бухин и Марковени, како и некогашните Лагор, Марчишта, Оловраде (Головраде), Братмир (Предмир).[1] Во Костенаријата влегуваат и северните села од општината Горуша, сместени во планината Одре и нејзините источни разгранки како Видолушта.

Со решение на околискиот комитет, селата во Костенаријата не се кренале во Илинденското востание, поради што областа била зачувана од зулуми. Подоцна, областа силно настрадала со појавата на грчката вооружена пропаганда во Македонија.

Поврзано

Наводи

  1. Тзавелла, Христофор. Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев, София 2003, с.315.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya