Зазерци
Зазерци или Зазерско Езеро (грч. Λίμνη Ζάζαρη, Зазари) — езеро во Леринско, Егејска Македонија, Република Грција, дел од групата на Егејските езера. Езерото се наоѓа на надморска височина од 602 метри, а површината му е околу 1,85 км2. Поврзано е со соседното Рудничко Езеро, што се наоѓа на 2 км јужно од него и во кое истекуваат неговите води. На неговиот југоисточен брег се наоѓа селото Свети Тодор (Черкезќој), денес на грчки Лимнохори („езерско село“). Најмногу вода добива од Зеленичка Река. ![]()
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia