Арџанско Езеро
Арџанско Езеро или Арџански Ѓол (грчки: Λίμνη Αρζάνη/Αρτζάν, Лимни Арзани/Арѕани) — мало блатно езеро во Кукушко, Егејска Македонија. Сместено е на територијата на општината Пајонија. Зафаќа површина од 1,4 км2 и длабочина од 3 до 6 м. Со тоа, езерото е трето по големина во Кукушкиот округ, по Дојранското и Горчливото Езеро. Има трапезоиден облик, со страни од 960, 400, 1.700 и 1.970 метри и најголема должина од 2.100 метри. Блатото сезонски го посетуваат преселни птици како кадравиот пеликан (Pelecanus crispus) и претставува важно одмориште при нивиот преселбен лет. Ова е и популарно место за љубителите на природата од овој крај.[1][2] ИсторијаДенешното блато е јадрото преостанато на доста поголемото езеро со исто име кое е пресушено во периодот од 1928 до 1932 г. Старото езеро претставувало северен дел на езерска целина Арџан-Аматово, бидејќи тогаш Арџанското Езеро било поврзано со Аматовското преку природен канал. Крај езерото во 1904 г. е одржан околискиот Арџански конгрес на ВМРО по Илинденското востание, на кој е избрано новото раководство на Кукушкиот револуционерен округ.[3] Денешното езерце е обновено во 2000-те со прокопување на брегот во висина од 8 м, за да може да се исполни со вода и да се користи за наводнување на околните површини низ изградената мрежа. Водата доаѓа од реките Ѓолаја и Селемлиска Река кои се слеваат заедно малку понасевер и се насочуваат кон езерото.[4][5][6] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia