Рудничко Езеро (вештачко)Оваа статија се однесува на вештачко езеро во Кукушко. За истоименото природно езеро во Леринско, погл. Рудничко Езеро.
Рудничко Езеро (грчки: Λίμνη Μεταλλείου, Лимни Металиу) — вештачко езеро во областа, Бојмија, Кукушко, Егејска Македонија. Создадено е со изградбата на брана преку реката Коџа Дере (Мега Рема), притока на Вардар. Езерото има должина од 2 км и најголема длабочина од 35 метри.[1] Сместено е 15 км северозападно од гратчето Бојмица[2] и 10 км од селото Извор. На ова место, за време на Втората светска војна постоеле француски рудници кои подоцна се потопени од водата. Некои од окната останале на суво и можат да се видат и денес од крајезерскиот пат.[3] До езерото се стасува по шумски пат од листопадни дрвја, по падините на планината Пајак. Во Рудничкото Езеро се одвиваат разни рекреативни дејности како велсање со кануа и кајаци, како и риболовот бидејќи истото изобилува со пастрмка. Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia