Заштита на Старата скопска чаршијаЗаштитата на Старата скопска чаршија ги опфаќа сите заштитни мерки и програми коишто се спроведуваат за одржување, заштита и ревитализација на нејзиниот простор и објектите коишто се наоѓаат или се наоѓале во нејзините историски граници. На територијата на чаршијата се сместени 25 објекти со статус на заштитено културно добро како споменици на културата, чијшто статус бил доделен во периодот од 1950 до 1967 година. Со донесувањето на Законот за Старата скопска чаршија од 2008 година и самата Стара скопска чаршија била прогласена за културно наследство од особено значење и оттогаш е под трајна заштита на државата.[1] Мерки за заштита на занаетчиството во XIX векНа почетокот од 19. век, Отоманското Царство се наоѓала во тешка економска положба, којашто го поттикнала спроведувањето на низа мерки за надминување на тешкотиите. Ваквата положба најмногу се одразувала со намаленаиот интензитет на трговијата и занаетчиството во најзначајните градови во државата. Така, државата била принудена да донесе законски мерки со коишто би бил поттикнат развојот на занаетчиството во Скопје, а со тоа и на просторот на Старата скопска чаршија. Со мерките се предвидувала законска заштита на занаетчиите и правата со коишто тие располагале.[2] Ефектите од спроведувањето на законските мерки дала позитивни резултати и придонела кон заживување на занаетчиството и трговскиот живот во чаршијата. Главна улога во развојот и ревитализацијата на чаршијата имале токму занаетчиите и трговците, кои ја помогнале изградбата на црквите „Св. Спас“ и „Св. Димитрија“. Еврејското населено успеало да ја обнови синагога Бет Јаков. Постигнатиот напредок придонел и кон изградбата на поголеми дуќани со елементи од барокната и неокласичната архитектура, со што започнал да се менува и архитектонскиот изглед со ориентални елементи во чаршијата.[2] Доделување на статусот на заштитено културно доброПо штетите во чаршијата предизвикани во Втората светска војна дошло до нејзина ревитализација и обновување на објектите. Одредени активности биле започнати и од страна на Заводот за заштита на спомениците на културата, коишто имале за цел извршување на систематско проучување на чаршијата, со цел да се изнајдат најсоодветни решенија за нејзино зачувување.[3] Со тоа, во периодот од 1950 до 1967 година биле издадени решенија за доделување на статусот на заштитено културно добро на 25 објекти во чаршијата, наведени во списокот во продолжение:
Закон за Старата скопска чаршијаНа 13 октомври 2008 година, Собранието на Република Македонија донесе закон за Старата скопска чаршија, која беше прогласена за културно наследство од особено значење, со што е ставена под трајна заштита на државата.[1] Со усвојвуањето на овој закон се овозможува трајно зачувување на вредностите и автентичноста на чаршијата, создавање на поволни услови за опстанок и задржување на интегритетот на сите податоци, ширење на сознанијата за нејзините вредности, нејзино оспособување да им служи на културните, образовните, научните и други потреби на граѓаните, како и спречување на дејствија со кои може да настане оштетување или деграадирање. Во него, исто така, детално се опишани границите на чаршијата, а определени се и три контактни зони на нејзиниот простор. Се наведува и дека во Старата скопска чаршија не смее да се менува постојната урбана структура, да се градат или внесуваат индустриски капацитети шро придонесуваат за разни форми на загадување, да се подигаат меморијални споменици и спомен-обележја коишто не се поврзани со настанокот и развитокот на чаршијата и да се врши ископ на темели или подруми и да се изведува каков било друг вид на градежни работи без претходно спроведување на заштитни археолошки истражувања. Законот содржи и програма за ревитализација на чаршијата, која е пропишана со времетраење од 5 години.[4] Во ноември 2010, беа најавувани измени на Законот поради фактот што чаршијата е сместена на границата меѓу општините Центар и Чаир. Во таа прилика, министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа Милевска, изјави дека сите аспекти поврзани со заштитата на чаршијата интегрално ќе бидат разработени во посебен Детален урбанистички план.[5] Проект за собирање податоциКон крајот на 2008 беше претставен проектот за собирање податоци за секој објект во чаршијата. Со него беа опфатени околу 600 објекти, а првата фаза се состеше во издавање на лична карта за секој поединечен објект. Крајна цел на проектот беше обезбедување документација со опсежни податоци и нејзино вклучување во Деталниот урбанистички план за Чаршијата, но и утврдување на мерки за обновување на објектите на нејзиниот простор.[6] Програма за ревитализацијаПрограмата за ревитализација на Старата скопска чаршија започна да се спроведува во февруари 2010 година и се очекува да заврши во 2015 година. Со неа се предвидува обновување на фасадите на старите куќи, поддршка на занаетите во чаршијата и постигнување економски развој, организирање на туристички прошетки, организирање на изложби, концерти и други културни настани и донесување на одредби за заштита на градбите и задржување на автентичноста.[7] За извршувањето на програмата одговорна е Владата на Република Македонија, која раководи со помош на шест надлежни министерства.[8] Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia