Вилаетски конак „Уќумат“

Зградата на Уќуматот

Вилаетскиот конак „Уќумат“ — поранешна административна зграда и споменик на културата во Скопје. Се наоѓа во северниот дел од Старата скопска чаршија, веднаш до зградата на Старата турска пошта и во непосредна близина на црквата „Св. Спас“. Изграден е кон крајот на XIX век и во него била сместена највисоката вилаетска управа, откако во 1888 година, во Скопје било преместено седиштето на Косовскиот вилает од Приштина и во градот останало сè до 1912 година. Во тој период, од уметничко-занаетчиското училиште „Ислахана“ била преместена и печатницата на косовскиот вилает која била сместена во посебно утврдени простории од конакот. Објектот претрпел сериозни оштетувања во земјотресот од 1963 година, по којшто бил реконструиран и денес служи за деловна цели. Градбата е изградена во духот на исламската архитектура. Нејзината основа е во облик на правоаголник, а се состои од приземје и кат.[1]

Поврзано

Наводи

42°0′5″N 21°26′5″E / 42.00139°N 21.43472°E / 42.00139; 21.43472

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya