Стара нова бања
Стара нова бања — поранешен амам во Скопје. Според остатоците од објектот, познато е дека се наоѓал во непосредна близина на групата згради на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и веднаш под ридот на кој се сместени Султан-муратова џамија и Саат-кулата. Сочуваните делови од амамот денес имаат статус на заштитено културно добро.[1] ИсторијаСе претпоставува дека амамот бил изграден во XV или XVI век. Со изградбата на универзитетските згради било променето окружувањето околу амамот, а во земјотресот од 1963 бил урнат неговиот преден дел, во кој била сместена просторијата за преоблекување. Денес, во урнатини е зачуван делот со просториите за капење, резервоарот и огништето.[1] АрхитектураПознато е дека амамот имал доста големи димензии и спаѓал во групата на единечни амами. Во својот првобитен изглед, објектот имал голема купола, сместена над осумаголен тамбур, која како и останатите куполи била покриена со цреп. На врвот од куполата се наоѓал светилник, кој служел за осветлување на просторијата за преоблекување, која била осветлена и преку прозорските отвори, кои во два реда биле поставени на јужната и западната фасада. Во средишниот простор од објектот имало шадрван. Од остатоците на ѕидините може да се забележи дека објектот бил сталактитно украсен.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia