Згожелечки Округ
Згожелечки Округ (полски: powiat zgorzelecki) — округ во Долношлеското Војводство, Полска. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Се наоѓа во крајниот југозапад на земјата, на тромеѓата со Германија и Чешка. Седиште е Згожелец, сместен на границата со Германија; други градови се Богатиња, Пјењск, Завидув и Венглињец. Округот зафаќа површина од 838,1 км2 и во 2019 г. броел 89,612 жители. Најнаселени градови се Згожелец (30.374) и Богатиња (17.436). Соседни местаЗгожелечкиот Округ се граничи со Жарскиот и Жагањскиот на север и Болеславјечкиот и Лубањскиот на исток. На југ Чешка (округот Либерец), а на запад со Германија (округот Герлиц). Административна поделбаОкругот се дели на седум општини од кои све се градски, три се градско-селски и две се селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2019 г.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia