Долношлеско Војводство
Долношлеско Војводство (полски: województwo do)nośląskie) — војводство во југозападна Полска, наречено по историската област Долна Шлеска. Војводството било дел од средновековната полска држава под водство на династијата Пјасти. По смррта на кнезот Болеслав III Кривоустиот во 1138 г. државата почнала да се раздвојува на делови. Шлеска станала полска покраина како кнежевство, но подоцна се расцепкало на мали кнежевства под власта на кнезови од семејството Пјасти. Во овој период стапило германското влијание, поради доселувањето на население од германските краишта на Светото Римско Царство. Ова оставило белег на архитектурата, обичаите и кујната. Сепак, Долна Шлеска останала и центар на полската култура. Тука е напишан ракописот кој ја содржи првата позната реченица на старополски јазик (Хенрикувска книга, XIII век), како и првата печатена книга на полски (Statuta synodalia Episcoporum Wratislaviensis, 1475), обете изложени во Вроцлав. Злоторија е најстариот град во Полска, прогласен со повелба на кнезот Хенрик Брадестиот (XII-XIII век). Низ вековите, Долна Шлеска доживеала редица епохални настани како протестантската реформација, Шлеските војни, индустријализацијата и двете светски војни. Долна Шлеска се вбројува меѓу побогатите краишта во Полска поради значајните природни ресурси како бакарот, лигнитот и други камени материјали кои ги исползуваат најголемите претпријатија, како и развиено стопанство во разни други гранки.[1] Седиштето Вроцлав е сместено на реката Одра. Градот е меѓу најголемите и најважните во Полска. Тука, како и во Тшебница, се гробниците на полските владетели. Војводството има многубројни замоци и дворци и ужива голема посетеност. Историја и географијаСоздадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Вроцлавско, Легњичко, Валбжишко и Јелењогурско, согласно управната реформа усвоена претходната година. Зафаќа површина од 19.946 км2 и има 2.908.457 жители (2014). Војводството е претежно низинско, со исклучок на повисоките делови по кои продолжуваат Судетите што се протегаат долж полско-чешката граница. Мошне посетени се скијачките места како Карпач и Шкаларска Поремба на венецот Карконоше. Други попосетени места се Вроцлав, Јелења Гура и Легњица. Градот Болеславјец е познат по Болескавечката керамика. Во Долна Шлеска има голем број бањски лекувалишта: Ќеплице Шлонске-Здруј, Длугополе-Здруј, Душњики-Здруј, Једлина-Здруј, Кудова-Здруј, Лондек-Здруј, Полањица-Здруј, Пшежечин-Здруј, Шчавно-Здруј, Швјерадув-Здруј. Долношлеското Војводство се граничи со Лубушкото Војводство на северозапад, Големополското на североисток, Ополското на југоисток, Чешка на југ и Германија (Саксонија) на запад. Градови и гратчиња![]() ![]() ![]() Војводството има 91 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[2]
Управна поделба![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Западнопоморското Војводство е поделено на 30 округ, од кои 4 се градски, а 26 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 169 општини.
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia