Зеќир Рамчиловиќ
Зеќир Рамчиловиќ (босанскиː Zećir Ramčilović; Долно Коњари, Скопско, 16 март 1975) - македонски историчар, публицист и пратеник во Македонското Собрание во составот од 2016 година[1] и потпретседател на Собранието од ноември 2019.[2] ЖивотописРамчиловиќ е роден во скопското село Долно Коњари на 16 март 1975 година. Toj е историчар и истражувач кој покрај ориенталистика, се занимава со периодот помеѓу двете светски војни во Македонија, како и со процесите врзани за Бошњаците во минатото и денес. Автор е на повеќе научни трудови. Вработен е во Институт за национална историја при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. На Локални избори во Македонија (2013) бил избран за Советник во Општина Петровец од Група граѓани. Рамчиловиќ e Потпретседател на Здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија „АВАЗ“. На Парламентарните избори во 2016 година, бил избран за пратеник од АВАЗ во Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Библиографија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia