Знаме на Кирибати
Знамето на Кирибати е официјалното знаме на оваа океанска држава. Знамето на Кирибати е усвоено на 12 јули 1979 година. ИсторијаЗнамето на Кирибати е усвоено по независноста на државата. Дизајнот на знамето е преземен од грбот на британската колонија Гилбертови и Елиски Острови, само со проширени брановидни ленти и позадина. Знамето и грбот на британската колонија биле направени во 1932 година. ДизајнЗнамето е составено од црвена позадина во горниот дел на знамето, а во долниот дел на знамето има приказ на три брановидни бели и три брановидни сини ленти. Над брановидните ленти има изгрев на златно сонце со 17 краци, а над сонцето има златна птица фрегата. Размерот на знамето е 1:2. СимболизамБелите ленти ги претставуваат трите островски групи од кои е составена државата, а тоа се: Гилбертови Острови, Острови Феникс и Линиски Острови. Седумнаесетте краци на сонцето ги симболизираат шестнаесетте Гилбертски Острови и островот Банаба. Официјалното толкување на симболите е следново[1]:
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia