Знаме на Фиџи
Знамето на Фиџи е официјалното знаме на оваа океанска држава. Сегашното знаме на Фиџи било усвоено на 10 октомври 1970 година. Освен мали модификациии, ова знаме се користело и за време на колонијата. ОписЗнамето е составено од сина позадина каде во кантонот стои британското знаме, а во слободниот дел стои штитот од националниот грб. Сината боја го симболизира Тихиот Океан, кој е важен за државата и населението. Знамето на Обединетото Кралство ги симболизира врските на државата со Кралството. Пранешното колонијално знаме било со потемна сина боја и бил прикажан целосниот грб, а не само дел. Во државата дел од луѓето сакаат да се извади британското знаме, дел се за зачувување поради историски причини. Некои видни личности во Фиџи се за приказ на целиот национален грб на знамето, заедно со кану и националното мото (симболите на кралството Вити). Останати знамиња
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia