Знамето на Нигерија е официјалното знаме на оваа африканска држава, кое било дизајнирано во 1959 година, а официјално усвоено на 1 октомври1960 година. Знамето е составено од три вертикални ленти во зелена, бела и зелена боја. Зелената боја ги претставува природните богатства на земјата, а белата боја го претставува мирот. Знамето е засновано врз дизајнот на Мајкл Таиво Акинкинми, кој поднел свој дизајн на местен конкурс за избор на државното знаме.[1]