Знаме на Западна Сахара![]() Западна Сахара (арапски: علم الصحراء الغربية) е територија во северозападна Африка која се граничи со Мароко на север, Алжир на североисток, Мавританија на исток и југ, и Атлантскиот Океан на запад. Земјата е една од најретко населените територии во светот, која се состои воглавно од пустински рамнини. Најголемиот град е ел-Ајун, каде живее повеќе од половина од населението. Западна Сахара се наоѓа на списокот на неавтономни територии на Обединетите Нации од 1960-тите кога била шпанска колонија. Територијата во најголема мера е управувана од Мароко, но владата во прогон на Сахарската Арапска Демократска Република тврди дека територијата е независна и под нивна власт. Знамиња кои се користат за Западна Сахара:[1]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia