Знаме на Нигер
Знамето на Нигер е официјалното знаме на оваа африканска држава усвоено во 1959 година. Знамето е составено од три хоризонтални еднакви ленти во портокалова, бела и зелена боја со портокалов диск во средината. Знамето било дизајнирано уште во 1958 година СимболизамРазлични изори даваат различни податоци за симболиката на знамето, но официјално, сè уште нема дадено опис. Често се верува дека портокаловата лента го симболизира северниот регион на државата, односно Сахара (некои тврдат може да е и Сахел), белата лента симболизира чистота (некои тврдат ја симболизира реката Нигер) и зелената боја ја симболизира надежта и плодните региони на југот. Дискот симболизира сонце и независност.[1] РазмерРазмерот на знамето нема симболика и тоа може да се види во различни форми:
Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia