Знаме на Маврициус
Знамето на Маврициус е донесено по независноста, 12 март 1968 година. Знамето се состои од четири хоризонтални ленти со еднаква широчина, во црвена, сина, жолта, и зелена боја. Знамето било направено на 9 јануари 1968 година. Цивилното знаме (за приватни возила) и владиното знаме (за државни возила) се црвено и сино знаме, односно, каде секое го има грбот на Маврициус. Поморското знаме (кое се користи од страна на крајбрежната патрола) е со необичен дизајн кој се состои од црвени, бели и сини вертикални ленти од нееднаква широчина, и во центарот има сидро. Значење на боитеЗнамето на Маврициус ги содржи црвената, сината, жолтата и зелената боја што претставуваат:
Историски знамиња на МаврициусПоврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia