Знаме на Кенија
Знамето на Кенија е официјалното знаме на оваа африканска држава кое било усвоено на 12 декември 1963 година. СимболизамЗнамето на Кенија е засновано на знамето на Кенијската Африканска Национална Унија. Црната боја го симболизира африканското црно население, црвената боја ја симболизира крвта пролеана за време на борбата за независност и зелената боја ја симболизира земјата. Белата боја била додадена нешто подоцна и симболизита мир. Традиционалниот штит на Масаите кој е во црвена, црна и бела боја со две вкрстени копја во позадината симболизира одбрана на споменатите симболи на знамето. ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia