знаме |
држава |
усвоено на |
употреба |
опис
|
 |
Антигва и Барбуда |
27.2.1967 |
официјално државно знаме |
Два црвени триаголника во прицврстениот и неприцврстениот дел, помеѓу нив има три нееднакви ленти во црна, сина и бела боја со златно сонце во изгрев.
|
 |
Бахами |
10.7.1973 |
официјално државно знаме |
Три еднакви хоризонтални ленти во сина, жолта и сина боја со црн триаголник во прицврстениот дел.
|
 |
Барбадос |
30.11.1966 |
официјално државно знаме |
Три еднакви вертикални ленти во сина, жолта и сина боја со црн тризаб во средината.
|
 |
Гренада |
7.2.1974 |
официјално државно знаме |
Црвено знаме со правоаголник составен од четири триаголника во златна и зелена боја. Со средината на правоаголникот има црвен диск со златна ѕвезда, а над и под правоаголникот има по три златни ѕвезди. На зелениот триаголник во прицврстениот дел има цвет.
|
 |
Доминика |
3.11.1978 |
официјално државно знаме |
Зелено знаме врз кое има крст составен од по три ленти: златна, црна и бела лента. Во средината има црвен диск со приказ на 10 зелени ѕвезди и папагал.
|
 |
Доминиканска Република |
6.11.1863 |
официјално државно знаме |
Бел крст кој го дели полето на четири четвртини, два во сина и два во црвена боја. Во средината на крстот е државниот грб.
|
 |
Јамајка |
6.8.1962 |
официјално државно знаме |
Четири триаголника разделени со златен раб во златна боја. Триаголниците се во зелена и црна боја.
|
 |
Куба |
25.6.1848 |
официјално државно знаме |
Пет еднакви хоризонтални ленти во сина и бела боја со црвен триаголник во прицврстениот дел врз кој има бела ѕвезда.
|
 |
Свети Винцент и Гренадини |
21.10.1985 |
официјално државно знаме |
Три нееднакви вертикални ленти во сина, жолта и зелена боја со три зелени дијаманти во средината.
|
 |
Свети Кристофер и Невис |
19.9.1983 |
официјално државно знаме |
Пет нееднакви дијагонални ленти во зелена, златна, црна, златна и црвена боја. На црната лента има две бели ѕвезди.
|
 |
Света Луција |
1.3.1967 |
официјално државно знаме |
Сино знаме со два триаголника, црн со бел раб и златен триаголник.
|
 |
Тринидад и Тобаго |
31.8.1961 |
официјално државно знаме |
Црвено знаме поделено со дијаголнална лента во црна боја со бели рабови.
|
 |
Хаити |
1806 |
официјално државно знаме |
Две еднакви хоризонтални ленти во сина и црвена боја со државниот грб во средина.
|