Говорниците на гуџаратскиот сочинуваат 4,5% од светското население, со 54,6 милиони говорници во самата Индија[4] и 65,5 во светот. Заедно со ромскиот и синдскиот, спаѓа во најзападните јазици од групата. Гуџаратскиот е мајчин јазик на разни истакнати дејци како државотворците Махатма Ганди („Таткото на Индија“) и Валабај Пател („Железниот човек на Индија“), духовникот Дајананда Сарасвати, политичкиот деец Морарџи Десај, поетот Нарси Мехта, големостопанственикот Дирубај Амбани, воздухопловецот Џ.Р.Д. Тата и државникот Мухамед Али Џина („Таткото на Пакистан“).
Говорници и застапеност
Од вкупно 46 милиони говорници на гуџаратски во 1997 г., 45,5 милиони живееле во Индија, 150.000 во Уганда, 250.000 во Танзанија, 50.000 во Кенија и околу 100.000 во Карачи (Пакистан).[5] Во Мумбај, јазикот има 2,1 милиони говорници.
Гуџаратскиот е застапен со речиси милион говорници во Северна Америка, од кои 100.000 во Њујорк, САД и 75.000 во Торонто, Канада. Во Велика Британија има 200.000 говорници, од кои поголемиот дел се во Лондон, а остатокот во други градови. Меѓу нив има и источноафрикански Гуџаратци истерани од матичните земји поради политиката на африканизација (особено од Уганда, каде Иди Амин протерал 50.000 Азијци)[6][7]
Историја
Историјата на гуџаратскиот обично се дели на 3 фази:
старогуџаратски или „гудџарски“ (1100—1500) — предок на денешниот гуџаратски, но и современного раџастански[8].
средногуџаратски (1500—1800) — се одделил од раџастанскиот и се одликувал со ред фонетски промени. Така гласовите i и u се развиле во ə во отворените слогови; дифтонзите əi и əu се претвориле во ɛ и ɔ во почетните и o во другиите слогови. Дифтонгот əũ се развил во ɔ̃ на во почетниот слог и ű во завршниот.[9] Се случиле и разни граматички промени.
современ гуџаратски (1800-) — мали граматички и фонетички промени. Во втората половина на XIX век станува литературен јазик, а во 1866 г. е напишан и првиот гуџаратски роман: „Каран Гело“ од Нандашанкар Мехта.
Дијалекти
Стандардниот облик на гуџаратскиот јазик е говорот од Вадодара до Ахмедабад на север.[10] Според Ethnologue, јазикот ги има следниве дијалекти:[5]
Гуџаратската азбука е азбучнослоговно писмо (абугида), слична на другите нагарски азбуки, но без карактеристичната надредна линија и мал број измени во другите букви. Јазикот може да се пишува и со арапаска и персиска азбука. Ова особено се практикува во округот Кач во Гуџарат.
જગ પ્રસિદ્ધ દાંડી કૂચ પછી ગાંધીજીએ અહીં આંબાના વૃક્ષ નીચે ખજૂરી નાં છટિયાંની એક ઝૂંપડીમાં તા.૧૪-૪-૧૯૩૦ થી તા.૪-૫-૧૯૩૦ સુધી નિવાસ કર્યો હતો. દાંડીમાં છઠ્ઠી એપ્રિલે શરૂ કરેલી નિમક કાનૂન (મીઠાના સત્યાગ્રહ) ભંગની લડતને તેમણે અહીંથી વેગ આપી દેશ વ્યાપી બનાવી હતી. અહીંથી જ તેમણે ધરાસણાના મીઠાના અગરો તરફ કૂચ કરવાનો પોતાનો સંકલ્પ બ્રિટિશ વાઈસરૉયને પત્ર લખીને જણાવ્યો હતો.
તા.૪થી મે ૧૯૩૦ની રાતના બાર વાગ્યા પછી આ સ્થળેથી બ્રિટિશ સરકારે તેમની ધરપકડ કરી હતી.
По прочуениот Дандиски марш, на ова место, под манговото дрво, во колиба од палмини гранки престојувше Гандиџи од 14 април до 4 мај 1930 г. Од овде, тој му даваше поттик на движењето за граѓанска непослушност против законот за сол на 6 април во Данди и го претвори во општонародно движење. Од истово место го напиша писмото до [[[британскиот] поткрал на Индија|поткрал]] во кој ја искажа својата непоколеблива решителност да се упати на марш кон соларницата во Дарасана.
Тука беше упасен од британската влада по полноќ на 4 мај 1930 г.