Како играч основата ја стекнал во Атлетик Билбао, тој го одиграл својот прв професионален меч, на натпреварот помеѓу Понферадина и Реал Ваљадолид, во шпанската втора лига.
Роден е во Ондароа, Баскија, Арисабалага се приклучил во малдите категории на Атлетик Билбао поставување во 2004 година, на возраст од десет години. Тој го направил своето деби во 2011 година, во третата дивизија.
На 5 мај 2012, Арисабалага бил повикан во првиот тим на Атлетик Билбао во натпреварот за против Хетафе во Ла Лига,[2] но останал како неискористена замена во нерешениот натпервар на стадионот Сан Мамес.[3] Тој исто така бил повикан во пред-сезонските натпревари во јули, а на 23 септември, исто така, бил замена во натпреварот, против Малага.[4]
Арисабалага беше промовиран во резервите на тимот во јануари 2013 година, за да го покрие повредениот Јон Андер Серантес.[5] Дебитирал за Б екипата на 16 февруари 2013, одржувајќи чист лист во победата од 1-0 над УД Логронес во Сегунда дивизија Б.[6] На 3 март, тој добил црвен картон во победата со 3-1 над Аморебиета, заедно со неговиот колега Јон Гарсија;[7] во април тој претрпел повреда на препоните, која го оддалечила од теренот до септември.[8]
Арисабалага редовно настапувал за Б тимот, а по неговото враќање, тој ја скршил десната рака во јануари 2014 година,[9] при што бил надвор од теренот еден месец. На 11 март, Хетафе поднел барање за негова позајмица, главно како замена за повредениот Мигел Анхел Моја,[10], но тоа било одбиено еден ден подоцна.[11]
На 20 јули 2015 година, Арисабалага се преселил во Реал Ваљадолид, исто така во второто ниво, на заем до крајот на сезоната.[14] Тој го одиграл својот прв натпревар на 22 август, во поразот со 0–1 од Кордоба,[15] и пропуштил само три натпревари во сезоната во која неговиот тим завршил на 16-тото место.[16]
По враќањето од позајмица, Арисабалага бил вклучен во првиот тим на Атлетик, првично како трет избор зад Горка Ираисос и Јаго Херерин. Тој го направил своето деби во првата лига на 11 септември 2016 година, започнувајќи во победата со 1–0 на гостински терен над Депортиво Ла Коруња.[17]
На 22 јануари 2018 година, по големите шпекулации за трансфер кои го поврзувале со Реал Мадрид, Арисабалага го обновил договорот - што требало да му истече истиот јуни - до 2025 година.[18]
На 8 август 2018 година, тој се преселил во Челси,[19][20] по исплатата на ослободителната клаузула од 80 милиони евра утврдена во неговиот договор со Атлетик Билбао.[21] Така, шпанецот станува најскапиот голман во историјата на фудбалот, соборувајќи го рекордот воспоставен само неколку недели претходно од Алисон Бекер.[22] Своето деби во Премиер лигата го направил три дена подоцна во победата со 3-0 на гости против Хадерсфилд Таун,[23] одржувајќи шест суви мрежи[24] во серијата на сините од 12 натпревари без пораз, пред поразот со 3–1 од Тотенхем.[25]
На 14 август 2023 година, Арисабалага му се приклучил на Реал Мадрид на едногодишна позајмица од Челси.[26][27] Овој потег бил инициран од долготрајната повреда здобиена од нивниот примарен голман, Тибо Куртоа.[28] На 25 август 2023 година, Кепа го направил своето деби за клубот во победата со 1–0 на гости над Селта Виго, истовремено одржувајќи ја својата прва сува мрежа за тимот воден од Карло Анчелоти.[29] Сепак, тој не успеал да има големо влијание во Реал, брзо губејќи го своето место од Андриј Лунин.[30] Вкупно, за Реал Мадрид бранел на 20 натпревари во текот на сезоната 2023-2024, по што се вратил во Челси по завршувањето на позајмицата.
На 29 август 2024 година, Арисабалага бил позајмен на Борнмут до крајот на сезоната 2024–2025.[31][32]
Арисабалага бил повикан во репрезентацијата под 19 години за Европското првенство за играчи под 19 години2012. Тој бил редовен стартер за време на турнирот, на кој неговата земја била крунисана за шампион;[33] а неговиот главен момент бил во полуфиналето против Франција кое завршило 3–3, каде што одбранил два пенали со што ја одвел Шпанија до победа по изведување на пенали.[34]
За сениорската репрезентација на Шпанија дебитирал на 11 ноември 2017, играјќи 90 минути во победата со 5-0 над Костарика во пријателски натпревар во Малага.[35][36]
Арисабалага бил избран во шпанскиот состав од 23 играчи за Светското првенство 2018 во Русија,[37] иако не настапил ниту еднаш на турнирот.
↑„Kepa traerá dinero a Zorrilla“ [Kepa will bring money to Zorrilla]. Diario de Valladolid (шпански). 8 August 2018. Архивирано од изворникот 9 January 2019. Посетено на 9 January 2019.
↑Rincón, Jaime (11 September 2016). „Raúl García exhibe su pegada“ [Raúl García shows his power]. Marca (шпански). Spain. Архивирано од изворникот 27 March 2019. Посетено на 18 September 2016.
↑„KEPA pays the termination clause“ (англиски). 8 август 2018. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 9 август 2018. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)