Киритимати
Киритимати или Божиќен Остров[1] е атол во Кирибати. Атолот е дел од Линиските Острови. Атолот има вкупна површина од 322 км2 и тоа го прави најголем корален атол во светот.[2] Атолот има лагуна која е слична по површина со самиот атол. Периметарот на атолот е 150 км, додека брегот на лагуната се протега на 48 км.[3] Киритимати зазема 70% од вкупната површина на Кирибати. Киритимати е една од првите територии на земјата која преминува во Новата Година. Во 1950-те Британците на островот извршувале јадрени тестирања, а жителите не биле евакуирани. Поради тоа населението било подложено на зрачење. ДемографијаНаселението на островот во последните години се зголемило, од 2.000 во 1989 година на 5.000 во 2000. На островот има пет села, од кои едно е напуштено:
НаводиЛитература
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia