Малденов Остров

Сателитска снимка на Малденовиот Остров.
Карта на Линиските Острови.

Малденовиот Остров, порано познат како Индепенденс, е низок и ненаселен атол во Тихиот Океан. Атолот е дел од Линиските Острови во Кирибати. Атолот има вкупна површина од 39 км2. Островот е познат по „мистериозните“ рушевини, но и по некогашниот потенцијал за ископување гвано (птичјо ѓубриво), британските јадрени тестирања во 1957 година и моменталниот заштитен статус како прибежиште за птици.

Географија

Малденовиот Остров се наоѓа 448 км јужно од екваторот, 2834 км јужно од Хаваи и повеќе од 7000 км западно од Јужна Америка. Најблиско копно на островот е ненаселениот атол Старбак (остров)Старбак, кој е оддалечен 204 км југозападно. Најблискиот аеродром е на Киритимати, кој е оддалечен 676 км. Островот има триаголна форма и не е повисок од 10 метри надморска височина. На островот нема извор на свежа вода.[1]

Историја

Островот бил „откриен“ на 30 јули 1825 година од капетан Џорџ Енсон Бајрон. Бајрон управувал со бродот „Блонд“. Островот бил именуван по Чарлс Роберт Малден, дел од екипажит на „Блонд“. Островот во минатото бил и под американска и под британска управа. Со независноста на Кирибати, островот станал дел од новата држава.

Галерија

Наводи

  1. Protected Areas Programme: Malden Island. Посетено на 7 July 2008.

Поврзано

Надворешни врски

4°1′S 154°56′W / 4.017°S 154.933°W / -4.017; -154.933

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya