Ендербери![]() Ендербери (кирибатски и англиски: Enderbury) или Гвано, е мал ненаселен атол во Кирибати. Атолот е дел од Островите Феникс и се наоѓа 63 километри југоисточно од острвот Кантон. Атолот е широк 1.6 километри и долг 4.8 километри. Околу островот има гребен кој се протега на од 60 до 200 метри. Во периодот од 1939 до 1979 година атолот бил дел од заедничката, американско-британска колонија, Кантон и Ендербери. Денес атолот е дел од Кирибати. ИсторијаОстровот бил „откриен“ во 1823 година од капетан Џејмс Кофин. Островот е именуван во чест на Самуел Ендербу, кој бил сопственик на китоловна компанија. Зборот „Ендербери“ (Enderbury) е погрешно напишан. Американците стигнале на островот за да ископуваат гвано (ѓубриво од птици). Американците заминале во 1877 година, а дошле Британците кои не биле успешни во ископувањето. Во 1939 година и Велика Британија, и Америка тврделе дека островот е нивен. Тоа резултирало со создавање на заедничка управувачка единица наречена Кантон и Ендербери. Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
3°08′S 171°05′W / 3.133°S 171.083°W
|
Portal di Ensiklopedia Dunia