Орона![]() Орона (кирибатски: Orona), претходно познат како Хал Ајланд[1] — атол во Кирибатите. Атолот е дел од Островите Феникс и има вкупна површина од околу 3.9 км2. Во средината на атолот има лагуна која е длабока 15 до 20 метри. Лагуната е поврзана со океанот на неколку места, но само низ неколку може да се помине со мал брод. Најголемата точна на атолот е 9 метри надморска височина.[2] Иако низ минатото островот бил населен неколкупати,[2] денес Орона е ненаселен атол. ИсторијаНа атолот Орона можат да се пронајдат докази дека во минатото тој бил населен. Во источниот дел од островот има камено марае, заедно со рушевини од засолништва, гробови и останати структури.[3] Денес не е познати кој го „открил“ островот, но сепак се знае дека островот бил именуван по Исак Халм на 26 август 1840 година. Кога островот станал дел од независни Кирибати, името и официјално било променето во денешната форма. На 11 јули 1889 година Британците го зазеле островот. Во 1963 година населението било евакуирано поради поплави. Британските и американските тврдења за островот престанале со независноста на државата Кирибати. Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
4°30′S 172°10′W / 4.500°S 172.167°W
|
Portal di Ensiklopedia Dunia