Старбак (остров)![]() ![]() Старбак (англиски и кирибатски: Starbuck) или познат како Волонтерски Остров, е ненаселен корален атол во Тихиот Океан. Атолот е дел од Линиските Острови во Кирибати. Низ историјата атолот бил познат како Барен, Корал Квин, Хироу, Лоу Ајленд и Старв. ГеографијаДимензиите на островот се 8.9 со 3.5 километри и има вкупна површина од 1,620 хектари.[1] Старбак е низок, сув, корален остров со стрмни плажи. Низ островот има неколку солени мали лагуни, повеќето на источниот дел од атолот. Понекогаш овие лагуни се сушат и теренот може да е доста опасен.[2] На островот нема извор на свежа вода. Просечните годишни врнежи на атолот се 800 милиметри.[1] ИсторијаОстровот бил забележан во 1823 година од Валентајн Старбак, британски командир на китоловски брод од САД.[3] Низ историјата островот бил и под американска и британска управа. Со независноста на Кирибати, островот станал дел од новата океанска држава. На островот се ископувало гвано (птичјо ѓубриво). Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia