Клима во Македонија![]() Климата во Македонија се одликува со испреплетување на морските и континенталните влијанија и се судираат благата средоземна со острата континентална клима на многу специфичен начин. Морските влијанија предизвикуват сушно и топло лето, а континенталните влијанија студена и влажна зима.[1] Климатски региони и типовиВо Македонија се издвоени неколку карактеристични климатски региони: субмедитерански, регион со изразена транслатација на средоземната и континенталната клима, регион со континентална клима и регион со планинска клима. Субмедитеранскиот регион ги зафаќа: Гевгелиско-валандовската и Дојранската Котлина, каде што најсилно се чувствуваат средоземните климатски влијанија. Во него во одделни години средоземните влијанија се потиснати, но и обратно, постојат години кога средоземните влијанија се чувствуваат по долината на реката Вардар до Скопје, по долината на реката Брегалница до Кочани и по долината на реката Струмица во Струмичко–радовишката Котлина. Регионот на изразена транслатација на континенталната и средоземната клима ги зафаќа Тиквешката, Велешката и Скопската Котлина, Овче Поле, Штипско и Кочанската Котлина, долината на реката Вардар, Струмичко–радовишката Котлина и по долината на реката Црн Дрим во Дебарската Котлина. На север по долината на реката Вардар климатското влијание брзо ослабува. Регионот на континенталната клима најмногу се чувствува во Преспанската и Охридско-струшката Котлина (каде што се чувствува и влијанието од езерскиот басен), Кичевската, Бродската, Беровско-делчевската, Славишката, Полошката и Пелагониската Котлина. Регионот на планинска клима ги зафаќа високите планини на Шарскиот и корапскиот планински систем, Јабланица, Баба, Јакупица и сите други високи планини во Македонија. Во нив над 2.200 метри постои вистинска планинска клима или таканаречената алпска клима. За разлика од неа, во сите планини под 1.000 м н.в., кои се определени како ниски планини, владее преодна, од котлинска во планинска клима.[2] Во жешкиот топлински појас се јавуваат: екваторска, троска, пустинска и монсунска клима.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia