Велешка Котлина

Велешка Котлина во рамките на Македонија
Велешка Котлина
Местоположба на Велешката Котлина во Македонија

Велешка Котлина — мала котлина во Повардарието, како склоп од сливните подрачја во речните ерозивни проширувања на Бабуна и Тополка и непосредното проширување по реката Вардар меѓу Таорската и Велешката Клисура.

Ограничена е со водоразделната линија, која води по планините: Клепа, Бабуна, Јакупица и Голешница од западната и разграноците од Градиштанска Планина и ридовите кон Овче Поле од источната страна на Вардар.

Клисурата зафаќа површина од 1.166 км2[1]. Поголемиот дел од просторот е ридесто и планинско земјиште со околу 25 км2 рамничарски простор, претежно висок од 100 до 200 м.

Историско-географски области

  • Азот
  • Клепа (област ограничена со областа Азот и р. Бабуна на запад, р. Вардар на север, р. Црна на исток и областите Раец и Горните села на југ)
  • Гроот (останатите велешки села кои се наоѓаат западно од Вардар, поточно тие во општините Чашка и Велес)
  • Ќучук-кол (останатите велешки села кои се наоѓаат источно од вардар, кои исто така граничат со Слан-дол и Овче Поле на исток, и со скопскиот крај на север)

Населени места на велешките области

Азот

Клепа

Гроот

Ќучук-кол

Поврзано

Наводи

  1. Група автори (2016). „Велешка Котлина“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 130. ISBN 978-9989-110-90-0.

41°43′0″N 21°46′0″E / 41.71667°N 21.76667°E / 41.71667; 21.76667

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya