Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи
Основна цел и организациона структураОсновна задача на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е да помага при разрешување на прашањата кои ќе се појават помеѓу верските заедници и религиозни групи во Република Македонија и државните органи, односно, таа се јавува како врзна точка меѓу државата и верските заедници. Активностите на Комисијата произлегуваат од нејзините овластувања од Законот за државната управа, Законот за верските заедници и религиозните групи, како и од обврските кои Комисијата ги има или од неа се бараат да бидат исполнети од страна на Собранието на Република Македонија и од страна на Владата на Република Македонија, а се одвиваат според утврдена програма за работа на Комисијата. Во Комисијата постојат следните организациони облици:
ИсторијаЗа првпат како служба која е основана за верски работи се јавува во периодот од 1944 до 1945 год. како верско поверенство. Потоа, од 1945 до 1951 год. овој орган се наоѓа во состав на тогашниот Секретаријат за внатрешни работи. Од 1951 год. па до денес постои како самостоен државен орган, а во изминатите години го менуваше само својот назив. Така, од 1951-1962 год. постои како Комисија за верски прашања, од 1963-1976 год. како Републичка комисија за верски прашања, од 1977-2000 год. како Републичка комисија за односи со верските заедници, а од 2000 година до денес, како Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи. За целиот овој период до 2000 година, со органот раководи функционер на ниво на потпретседател на Влада, односно министер, а со законските решенија од 2000 година па наваму, претседател / директор, именуван од Владата на Република Македонија. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia