Фонд за здравствено осигурување на Македонија

Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Лого на фондот
Податоци за органот
Основан 17 октомври 2000[1][2]
Надлежност Влада на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 744[3] (2022)
Годишен буџет 30,793 милијарди MKD[4] (2019)
Раководители Сашо Клековски
Бранко Аџигогов
Матичен орган Министерство за здравство
Мрежно место
fzo.org.mk


Фонд за здравствено осигурување на Македонија (кратенка: ФЗОМ; службено познат како Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија) — македонска институција која ја врши функцијата како единствена осигурителна организација во која се спроведува задолжителното здравствено осигурување врз начелата на заемност солидарност, за целата територија на Република Македонија.[5][6]

Фондот е основан на 17 октомври 2000 година кога Собранието на Република Македонија донесе одлука со која се именувани членови на Управниот одбор на ФЗО.[2]

Надлежности

Фондот ги има следните надлежности:

  • ги спроведува прописите и политика на развојот и унапредувањето на здравствената заштита во врска со задолжителното здравствено осигурување;

со општи акти ги уредува прашањата за кои е овластен со овој закон;

  • планира и прибира средства од задолжителното здравствено осигурување;
  • обезбедува остварување на права од задолжителното здравствено осигурување на осигурените лица, се грижи за законито остварување на нивните права и им пружа стручна помош при остварувањата на нивните права и интереси;
  • ги плаќа здравствените услуги за осигурените лица на здравствените установи кои ги обезбедуваат здравствените услуги;
  • ги плаќа надоместоците на плати и други парични надоместоци;
  • ги утврдува цените на здравствените услуги од задолжителното здравствено осигурување, на кои министерот за здравство дава согласност;
  • ги утврдува референтните цени за лековите, медицинските помагала, опремата, протезите, ортопедски и други помагала и потрошните материјали кои се користат во здравствената заштита на осигурените лица што Фондот ги надоместува, на кој министерот за здравство дава согласност;
  • договара обезбедување на здравствени услуги на осигурените лица со здравствените установи, според нормативи и стандарди засновани врз усвоена медицинска доктрина за ефикасна и рационална здравствена заштита;
  • развива сопствен информативен систем со потребни податоци за задолжителното здравствено осигурување;
  • ги спроведува меѓународните договори во делот на задолжителното здравствено осигурување;
  • врши увид и контрола на договорениот обем и вид на обезбедени здравствени услуги на осигурените лица во здравствњените установи;
  • презема мерки за ефикасно, делотворно и економично користење на средствата од задолжителното здравствено осигурување;
  • одлучува за правата од задолжителното здравствено осигурување во прв степен и
  • врши и други работи во врска со правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување.

Управување

Управен одбор

Со Фондот управува Управен одбор. Тој се состои од 7 члена кои ги именува Владата на Република Македонија за време од четири години и тоа:

Управниот одбор има претседател и заменик на претседателот од именуваните претставници од Министерството за здравство и Министерството за финансии кои наизменично по една година се менуваат во текот на мандатот.

За членови на Управниот одбор се предлагаат лица кои имаат високо образование и работно искуство од финансиското работење или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување, при што да се води сметка за соодветната и правичната застапеност на граѓаните на сите заедници.

Директори

Работоводниот орган на Фондот се состои од два директори, кои се подеднакво одговорни за работењето на Фондот и за обврските што се преземаат во правниот промет. Директорите на Фондот го именува Владата на Република Македонија, на предлог на министерот за здравство.

Подрачни служби

Фондот има вкупно 30 подрачни служби, односно скоро во секој град во Македонија.

Осигурени лица

Лицата кои можат да ги користат правата од здравственото осигурување се дефинирани со Законот за здравствено осигурување. Согласно законот, дефинирани се 15 категории осигуреници. Во 2024 година бројот на осигурените лица опфатени со задолжителното здравствено осигурување изнесувал 1.839.537, искажано според следната табела:[7]

Осигуреници 2022 2023 2024
Активни работници 560.600 561.031 557.483
Активни земјоделци 16.697 16.619 16.151
Пензионери 340.981 349.746 353.558
Невработени лица 6.722 5.657 5.336
Лица осигурени преку програма на МЗ 256.020 250.527 254.735
Останати 13.957 15.280 14.485
Осигуреници 1.194.977 1.198.860 1.201.748
Членови на семејства 659.429 657.878 637.789
Вкупно осигурени лица 1.854.406 1.856.738 1.839.537

Во структурата на осигуреници, 65% се лицата кои се носители на осигурување или кои од своите приходи издвојуваат средства за придонес за здравствено осигурување или за нив некоја институција односно организација го уплатува придонесот за здравствено осигурување. Останатите 35% се лица кои, согласно Законот за здравствено осигурување, се здравствено осигурени како членови на семејство, односно тоа се сопруг/сопруга, деца до 18 години или до завршување на образование најдоцна до 26 години. Согласно поставеноста на македонскиот систем, овие лица не плаќаат придонес, но имаат право на здравствено осигурување преку својот член на семејството кој е носител на здравственото осигурување.[7]

Финансирање

Приходите на Фондот за здравствено осигурување се обезбедуваат од придонеси од плата. Покрај придонесот од плати, за дел од категориите на осигуреници придонесот го уплатуваат дел од институциите на државата, односно: Агенцијата за вработување за невработените кои примаат паричен надоместок; Министерство за социјална политика за осигурениците со социјални права; Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за пензионерите; Министерството за здравство за „неосигурените“.

Структура на остварените приходи на ФЗОРСМ во 2024 година.
  1. Придонеси од плати (60.43%)
  2. Приход од ПИОМ за пензионери (19.57%)
  3. Приходи од МТСП за породилни отсуства (8.67%)
  4. Приходи од МЗ за „неосигурени“ (8.26%)
  5. Други (3.07%)
Структура на остварените приходи на ФЗОРСМ во 2024 година[7]
Приход Остварени приходи во 2024
во (000) денари
% на учество
Даночни приходи 43.881.843 88,84%
Придонеси од бруто плати и надоместоци 29.848.811 60,43%
Придонеси од АВРМ 119.499 0,24%
Приход од ПИОМ 9.664.564 19,57%
Приходи од МЗ 4.079.999 8,26%
Приходи од МТСП 168.969 0,34%
Неданочни приходи 628.302 1,27%
Приход од Партиципација 513.416 1,04%
Други приходи 114.886 0,23%
Трансфери и донации 4.882.027 9,88%
Приходи од МТСП (породилни отсуства) 4.283.653 8,67%
Пренесен вишок на приходи од претходната година 598.374 1,21%

Поврзано

Наводи

  1. Службен весник на РМ, бр.84/2000
  2. 2,0 2,1 „Историјат на ФЗО“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-12-27.
  3. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2022 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. септември 2023. Посетено на 20 мај 2025.
  4. „500 милиони евра буџет на Фондот за здравствено осигурување“. Сакам да кажам. 2018-12-31. Посетено на 2025-02-03.
  5. Службен весник на РМ", бр. 92/2000
  6. Амандман 64 од поранешниот Устав
  7. 7,0 7,1 7,2 „Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија - Годишен извештај 2024 година“ (PDF).

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya