Корнелија Мракова-Пејовска
Корнелија Мракова-Пејовска (21 мај 1928[2] во Пателе, Леринско — 27 февруари 2022[1] во Скопје) — македонски борец, учесник во Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција и поетеса на македонски јазик.[3][4] ЖивотописКорнелија Мракова Пејовска е родена во 1928 година во село Пателе, Леринско, како второ дете на Аспасија и Стефан (Стефо) Мракови. Семејството имало осум члена (пет деца, родителите и нејзината баба, Анастасија. Дедо ѝ Пеце Мраков и неговиот брат Гончо ги дале животите во Илинденското востание борејќи се за слобода за Македонија. Таткото на Пејовска не го знаел својот татко, бидејќи бил на двегодишна возраст кога тој починал. Израсната во такво револуционерно семејство таа од мала се здобила со родољубив дух.[5] Основно образование завршила во своето родно село, кога ѝ ги почувствувала грчките асимилаторски планови кон македонското население и малцинство во Егејска Македонија. Одговорите, на која народност припаѓаат и каков јазик зборуваат ѝ ги дал токму нејзиниот татко:[5]
Нивната родна куќа во Пателе била меѓу првите која била запалена од страна на фашистите.[4] Втората светска војнаСо почетокот на Грчко-Италијанската војна (октомври 1940 година), уште позната како Албански фронт, многу Македонци од Леринските села биле ѝ учесници и жртви во овие судири. Следната година (1941), нејзиниот татко завршил во затвор на островот Хиос, каде биле протерани уште 3000 други Македонци. Со потпаѓањето на Леринската околија под Германска окупација, речиси паралелно биле оформени и организациите ЕАМ и ЕПОН, кои имале свои претсавништва по селата. Уште како младинец таа пристапила во ЕПОН и била одговорна за пионерските кадри. Корнелија е уште еден сведок на ветувањата добиени од Грчката комунистичка партија (КПГ), дека по ослободувањето, Македонците ќе ги добијат своите права и слободи, што никогаш не се случило.[5][6] Граѓанската војна во ГрцијаСо падот на фашизмот, германските сили почнале да се повлекуваат од територијата на Егејска Македонија, а Македонците почнале да оформуваат свои организации, како СНОФ и АФЖ. Меѓу првите жени кои се приклучиле на ова движење била и Корнелија, која била избрана за член на Одборот на АФЖ за Пателе и одговорна по АГИТПРОП. Во 1945 година, таа е сведок на акција на Грчката војска, која откако ги собрала сите селани, почнала со тортура и апсење на селаните. И при овој настан, таа храбро ја бранела својата национална припадност при вербалниот напад и провокација кон неа.[5]
Следната година (1946) таа е уапсена и осудена од Леринскиот воен суд на една година затвор. Злосторот кој го видела во затворот ја натерал, по излегувањето да се приклучи на партизаните. Се пријавила во партизанските одреди близу селото Сетина, каде ја запознала Султана Гинова (сестра на Мирка Гинова), со која учествувале во многу диверзантски акции (како нападот на караулата кај Крушоради и разни полициски објекти). Таму го добила и своето партизанско име Искра. По здружувањето на силите со ДАГ, таа учествувала и на Вториот конгрес на НОФ (29 март 1949 година), кој се одржал во Нивици, Преспанско. По завршувањето на војната, како и останатите разочарани македонски партизани, решава да премине во ослободениот дел на Македонија.[5] ![]() Разделување од родниот крајПо завршувањето на војната таа заминала за Битола, каде се омажила за Ристо Пејовски, со кого во 1955 година се преселиле во Скопје. Во бракот со Ристо, одгледале две женски и едно машко дете.[4] Се вработила во Собранието на тогашна Социјалистичка Република Македонија, од каде и се пензионирала. За својата дејност таа е наградена со признанија и ордени.[4][5] ТворештвоОд најрани години, таа била љубител на пишаниот збор, а и самата почнала да твори. Дури и за време на војната, во партизанските ровови таа знаела на мало парче ливче да ги запиќе стиховите кои и надоаѓале како инсипрација.[7] Покрај објавените песни и прозни записи во неколку списанија и весници, Корнелија ги има издадено книгите:[8]
Нејзиното последно патеписно дело Повикот на родната грутка, во издание на Матица Македонска било промовирано на 31 октомври 2013 година, во мултимедијалниот центар на Матица, каде говор одржала проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, а извадоци од книгата биле читани од Елена Мангова.[9][10] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia