Пателе
![]() Пателе (грчки: Άγιος Παντελεήμονας, Агиос Пантелејмонас, до 1926 г. Πάτελι, Патели или Πάτελε, Пателе[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општина Суровичево, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 39 км југоисточно од Лерин и на 6 км од Суровичево, на западниот брег на Островско Езеро. Сместено е на самиот југозападен брег на Островското Езеро крај железничката линија од Солун за Лерин и Битола по која е оддалечено 155 километри од Солун[3]. Селото Пателе е расположено на надморска височина од 550 метри и порано било седиште на самостојна општина во Леринската околија, која опфаќала површина од 54 квадратни километри, од кои 21 се под езерските води.[3] Според записите на Ѓорче Петров, еден час на североисток од Суровичево до брегот на Островското Езеро е расположено големото село – П’теле[4]. Околината на селото е каменлива и без дрвја и шуми[4]. ИсторијаПраисторија, антика и средновековие![]() Археолошките ископувања почнати во 1897 г. од стручњаци од Рускиот археолошки институт во Цариград под раководство на Фјодор Успенски и Павел Миљуков, откриле голема населба од железното време (халштатско) со голема некропола меѓу Петерското и Островското Езеро. Подоцна грчки археолози откриле и неолитска населба. Случајните наоди на површината говорат за присуството на други археолошки објекти во околината на Пателе — во месноста Росици се откриени траги од раното бакарно време, а на карпестиот рид Мечкина Дупка на 500 м североисточно од селото има траги од населба од раното железно време.[5][6] Во 1962[7] и 1966 г. некрополата од раното железно време,[8] а во 1984 г. дел од ридот на кој бил древномакедонскиот град, се прогласени за споменици на културата.[9] На патот за с. Горничево на планината Мала Ниџе има остатоци од античка тврдина, дел од одбранбениот појас на македонската држава. Тврдината играла важна улога во средновековието. Според Васил Златарски, ова бил градот Петриск споменат од Јован Скилица, по кој е наречено блиското селото Петерско, и во кој Јован Владислав го убил царот Гаврил Радомир и завладеал со македонската држава.[10] Османлиско времеЕдни од најстарите пишани податоци за денешното село Пателе се среќаваат во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде за селото Пателе е запишано дека било хас на султанот и имало 43 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 70 товари, јачмен до 73 товари, и имало далјани - ловиште на риби за што селото остварувало свкупен приход од 3215 акчиња[11] Според записите на Ѓорче Петров од крајот на XIX век, селото П'теле имало околу 300 куќи Македонци, од кои околу 20 ја признавале Грчката патријаршија[4]. Најпрвин егзархиско училиште во селото се отворило околу 1872/74 година, но после кратко постоење било затворено, а столовите испотрошени. Потоа околу 1880-тите, односно 13-14 години пред посетата на Ѓорче Петров, селаните се откажале од Грчката патријаршија. Во П'теле имало две училишта – егзархиско со 4 одделенија и 2 учители и гркоманско со еден учител[4]. Во една од црквите („Св. Атанасиј“) оделе Македонците - гркомани, а во другата („Св. Петка“) Македонците – егзархисти.[4] Во Пателе, во 1902 година загинал познатиот војвода Марко Лерински.[12] Во ГрцијаМеѓу двете светски војни многумина се иселиле во странство, а по Граѓанската војна во Грција во која селото не настрадало многу, 76 семејства и 29 поединци побарале засолниште во Македонија и источноевропските земји[3]. СтопанствоГлавни занимања на селаните се земјоделството, лозарството и риболовот, а делумно е развиено и сточарството[3]. Во однос на стопанството на крајот на XIX век, селаните ја обработувале земјата и произведувале пченица, ‘рж, јачмен, пченка и добро вино и ракија[4]. Во селото имало и две мелници — една ветерница и друга на пареа[4]. Земјиштен спор со Нови ГрадНа крајот од 1980-тите жителите на Пателе се впуштиле во земјиштен спор со жителите на соседното село Нови Град, чие население било заменето со грчки доселеници. Двете страни полагале сопственост врз 310 хектари новопојавено земјиште кое се ослободило со повлекувањето на Островското Езеро. Грчките жители на Нови Град веќе го сееле и орале земјиштето, додека пак оние на Пателе останале без разрешница. Кога во 1992 г. жителите на Пателе се обратиле кон управникот на Леринскиот округ, Пападопулос, за образложение зошто не им се дава земјата која им припаѓа, Пападопулос им одговорил:
НаселениеСелото Пателе отсекогаш било населено со Македонци и во тој поглед нема претрпено никакви етнички промени. Во пописот од 1913 година во селото се попишани 1791 жител, додека во 1920 година нивниот број се намалил на 1418, за во 1928 да порасне на 1501 жител[3]. По Граѓанската војна и иселувањата бројот на жителите се движел од 1747 во 1940, на 1498 во 1951 и 1497 во 1961, за да опадне во 1971 на 161 поради зголеменото иселување во прекуокеанските земји, па 1068 во 1981, а во 1991 се намалило на 1003 жители со тенденција за натамошно опаѓање поради иселување[3].
Општествени установиВо Пателе е сместена жандармериска станица која врши надзор и врз други околни села[3]. Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настаниЛичности
Култура и спортИселеништвоМеѓу двете светски војни многумина се иселиле во странство и тоа 43 семејства во Бугарија, 9 семејства во Цариград, а другите во прекуокеанските земји, додека по Граѓанската војна во Грција 76 семејства и 29 поединци побарале засолниште во Македонија и источноевропските земји[3]. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia