Руди Молар
Руди Молар (француски: Rudy Molard; р. 17 септември 1989) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Групама-ФДЖ.[1] КариераМолар поминал пет години со Кофидис пред да се пресели во ФДЖ во 2017 година. Во текот на пет години со Кофидис, Молар освоил етапа на Тур ди Лимузен 2015. Исто така, настапил на Тур де Франс 2013,[2] каде завршил на 73 место и на 51. место во 2014 година. ФДЖ (2017–денес)2017Молар завршил на 16. место на Париз-Ница и на 24. место на Трката околу Баскија во неговата прва сезона со ФДЖ. Имал одлична форма на пролетните класици, завршувајќи осми на Флеш Валон и на 17. место на Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Бил вклучен во почетниот состав на ФДЖ на 100. издание на Џиро д’Италија и на Тур де Франс.[3] 2018Молар ја отворил сезоната 2018 со трето место на Тур Ла Прованс и на Тур ди О Вар. Негова следна трка била Париз-Ница, на која успеал да ја освои шестата етапа. Нападнал во завршниот километар и успеал да се одвои од групата. Молар завршил на 15. место на крајот на трката. Возел на пролетните класици и ја продолжил својата форма; завршил 15. на Амстел Голд Рејс, 13. на Флеш Валон и 26. на Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Како подготовка за Тур де Франс, возел на Критериум ди Дофине и на националното друмско првенство, каде завршил на шестото место. Негов најдобар резултат на Тур било 14. место на етапата 16. Една недела по Тур де Франс, завршил на 11. место на Класика де Сан Себастијан. На крајот на август започнал на Вуелта а Еспња и успеал да ја преземе водечката маичка на петтата етапа, откако бил во бегство цел дел. Ја носел маичката четири дена пред да ја изгуби на деветтата етапа. Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia