Хесус Ерада |
Лични податоци |
---|
Цело име | Хесус Ерада Лопес |
---|
Роден | 26 јули 1990(1990-07-26) (35 г.) Мота дел Куерво, Шпанија |
---|
Висина | 1,83 м |
---|
Маса | 72 кг |
---|
Податоци за клубот |
---|
Мом. клуб | Кофидис |
---|
Дисциплина | друмски велосипедизам |
---|
Улога | возач |
---|
Вид на возач | универзален возач |
---|
Професионални клубови |
---|
2011–2017 2018- | Мовистар Тим Кофидис |
---|
Значајни победи |
---|
|
Последна промена 27 декември 2020 |
Хесус Ерада Лопес (шпански: Jesús Herrada López; р. 26 јули 1990) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Кофидис.[1] Неговиот брат Хосе е исто така професионален велосипедист и е член на екипата Кофидис.
[2]
Кариера
Станал професионалец во 2011 година, потпишувајќи тригодишен договор за Мовистар Тим. Останал со екипата и во четвртата сезона, во 2014.[3] Сметан е за еден од најветувачките млади таленти во шпанскиот велосипедизам, освојувајќи го националното јуниорско хронометарско првенство во 2007 и 2008 година, националното хронометарско првенство под 23 години во 2010 година и националното друмско првенство во 2013 година.[4][5]
На 3 мај 2015 година, Ерада ја освоил втората и последна етапа на Вуелта а Астурија. Го постигнал тоа додека му помагал на неговиот предводник Игор Антон за победа во генералниот пласман.[6] Завршил четврти во друмската трка на Европските игри 2015 во Баку, откако предводел за победникот Луис Леон Санчес.[7] Во јуни 2015 година го освоил бронзениот медал на националното хронометарско првенство и бронзениот медал на националното друмско првенство.[8]
Достигнувања
- 2007
- 1.
Национално јуниорско хронометарско првенство
- 2008
- 1.
Национално јуниорско хронометарско првенство
- 2010
- 1.
Национално хронометарско првенство под 23 години
- 6. Европско хронометарско првенство под 23 години
- 8. Светско хронометарско првенство под 23 години
- 2011
- 3. Национално друмско првенство
- 5. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
- 2012
- 1. Етапа 2 Вуелта а Астурија
- 2013
- 1.
Национално друмско првенство
- 2. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
- 1.
Пласман за млад возач
- 1. Етапа 5
- 5. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
- 2014
- 1. Етапа 1 Рут ду Суд
- 9. Краен пласман Тур де Романди
- 1.
Пласман за млад возач
- 9. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
- 9. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
- 1. Пласман за млад возач
- 1. Етапа 5
- 2015
- 2. Краен пласман Тур ди Лимузен
- 1. Етапа 3
- 3. Национално друмско првенство
- 3. Национално хронометарско првенство
- 3. Краен пласман Вуелта а Астурија
- 1. Етапа 2
- 1.
Бодовен пласман
- 4. Европски игри - друмска трка
- 5. Вуелта а Ла Риоха
- 9. Европски игри - хронометар
- 2016
- 1. Етапа 2 Критериум ди Дофине
- 2. Краен пласман Тур ди О Вар
- 2. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
- 8. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 2017
- Национални првенства
- 1.
Друмска трка
- 3. Хронометар
- 2. ГП Монтреал
- 9. Краен пласман Тур де Романди
- 10. Класика Примавера
- 2018
- 4. Европско друмско првенство
- 4. Краен пласман Трка околу Оман
- 4. Гран при д’Увертир Ла Марсејез
- 5. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 6. Гран при де Плимелек-Морбијан
- 8. Букл де л’Олн
Награда за борбеност на етапа 20 на Вуелта а Еспања
- 2019
- 1.
Краен пласман Трка околу Луксембург
- 1.
Бодовен пласман
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 4
- 1. Предизвик Мон Венту Денивле
- 1. Трофео Кампос, Поререс, Феланит, Сес Салинес
- Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 6
Награда за борбеност на етапата 6
- 2. Гран при де Плимелек-Морбијан
- 3. Национално друмско првенство
- 3. Краен пласман Трка околу Оман
- 5. Трофео Андрат-Љосета
- 6. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 2020
- 4. Гран при Ла Марсејез
- 9. Краен пласман Тур де ла Прованс
- 9. Краен пласман Тур де л’Ен
- 9. Предизвик Мон Венту Денивле
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски