Лазо Мајнов

Лазо Мајнов
Лични податоци
Роден(а) 26 април 1980(1980-04-26)(45 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001980000001,98 м
Тежина 100 кг
Позиција Десен бек
Клупски податоци
Младински клубови
Македонија Работнички
Сениорски клубови

2001–2003
2003–2005
2005–2006
2006–2007
2007–2008
2008–2010
2010–2011
2011
2012
2012–2013
2013–2016
2016–2017
2017–2018
Македонија Пролет
Македонија Вардар Ватростална
Хрватска Загреб
Франција Трембле
Македонија Вардар ПРО
Италија Болоња Јунајтед
Словенија Рибница
Македонија Металург
Шпанија Антекера
Белорусија Мешков Брест
Норвешка Елверум
Романија Одорхеи
Македонија Еурофарм Работник
ОАР АЛ-Наср
Репрезентација
  Македонија Македонија 56 (91)

Лазо Мајнов (роден на 26 април 1980) — поранешен македонски ракометар.

Кариера

Мајнов својата ракометна кариера ја започнал во Работнички, а потоа четири сезони играл за Пролет, пред да се пресели во редовите на Вардар Ватростална каде што играл три сезони. Тој започнал интернационална кариера во 2003 година, преминувајќи во РК Загреб, со кој освоил две титули во хрватската премиер лига.

Мајнов сезоната 2005–06 ја поминал во францускиот Трембле, а во летото 2006 година повторно се вратил во Вардар ПРО. По една сезона во дресот на црвено-црните, тој заиграл за италијанскиот клуб Болоња Јунајтед, а потоа и за словенечкиот клуб Рибница, во кој се задржал две сезони, и го напуштил во 2010 година откако клубот доживеал финансиски крах. Тој повторно се вратил во македонската супер лига, потпишувајќи за Металург, но во македонскиот првак останал само една полусезона.

Мајнов следно заиграл во АСОБАЛ лигата, за Антекера, во 2011 година, но брзо го напуштил клубот поради неисплатени плати, преминувајќи во Мешков Брест на почетокот на 2012 година. На почетокот на сезоната 2012–13, тој потпишал за норвешкиот Елверум со кој ја освоил титулата во норвешкото првенство. Во летото 2013 година, Мајнов преминал во редовите на романскиот Одорхеи, во кој останал три сезони и со кој успеал да го освои ЕХФ Челинџ купот во сезоната 2014–15.

На почетокот на сезоната 2016–17, Мајнов се вратил во македонската супер лига, потпишувајќи за Еурофарм Работник. [1] Мајнов ја завршил својата кариера на 38-годишна возраст во ОАЕ, играјќи за АЛ-Наср, во кој преминал во 2018 година.[2]

Во март 2022 година, Мајнов бил промовиран во извршен директор на клубот Бутел Скопје.[3]

Наводи

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya