Лакавица (област)![]() Лакавица (се среќава и како Лакавичко и Лакавицата[1]) — географска и историско-етнографска област во Македонија која ја опфаќа долината на реката (Крива) Лакавица и околните планински падини[2] на планините Серта (Конечка) и Смрдеш. Најголемиот дел од областа потпаѓа во рамки на Општина Конче во Радовишко, а останатиот помал дел влегува во составот на Општина Штип. Географија и местоположбаЛакавичката област се наоѓа во Источна Македонија односно се протега по целото течение на реката Крива Лакавица во правец од југ - југоисток кон север - северозапад, помеѓу Штип во долината на Брегалница на север и северозапад, Струмичко-радовишката Котлина на исток и југоисток, Валандовско-гевгелиската област на југ и Тиквешијата на запад. ГранициГраницата на североисток оди по билото на планината Смрдеш и нејзината огранка Еленица кои ја одделуваат од Радовишкото и Струмичкото Поле, од запад е оградена од Конечка Планина (Серта) која ја одделува од Неготинско односно Тиквешката Котлина, додека од југ е оградена од Градешка Планина која претставува продолжение и огранка на Серта. Во овие граници областа опфаќа површина околу 500 км2. Во делото на д-р Милош Константинов „Македонци“ вели:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia