Лесновски Ковачевиќев пролог![]() Вториот Лесновски пролог познат и како Лесновски Ковачевиќев пролог[1] — средномакедонски килилски ракопис. Потекнува од периодот помеѓу 1330 и 1340 година. Содржи 221+ 1 пергаментен лист. Пишуван е во Лесновскиот Манастир од двајца пишувачи, од кои едниот бил Станислав Лесновски[2]. Писмото е кирилско. Украсен е со скромна орнаментика, главно изразена кај првичните букви. Содржинската структура е стара (нестиховна) од типот на Константин Мокински[3]. Има и кратки житија за некои од словенските светители. Во 1330 и 1340 година во Лесновскиот книжевен центар се препишале уште два пролога од една иста предлошка, во кои исто така со пишување учествувал Станислав Лесновски (Прв Лесновски пролог – Белград САНУ бр. 53 и Трет Лесновски пролог – Белград НБ, Стара збирка бр. 27). Овој манускрипт се чува во Белград[4], (НБ, Нова Збирка Рц 705).[5] Литература
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia