Григоровичев паримејник
Григоровичев паримејник — македонски средновековен ракопис на пергамент од крајот на XII до почетокот на XIII век. Григоровичевиот паримејник е најстар зачуван препис од оваа богослужбена книга поради што како во минатото, така и денес не престанува да го привлекува вниманието на старословенистите. Кај нас на овој значаен македонски книжевен споменик особено внимание му посветува Зденка Рибарова, која, во соработка со Зое Хауптова и Емилие Блахова, подготвила двотомно издание на паримејникот.[1] ИсторијаВо 1844 година, Виктор Григорович го нашол во манастирот Хиландар[2] и го однел во Русија. Во 1876 година, ракописот станал сопственост на Румјанцевскиот музеј во Москва, а сега се чува во Руската државна библиотека под шифрата Григ. бр. 2 / М.1685.[3] ОписОва е најстариот зачуван словенски паримејник, веројатно копиран од глаголицата.[4] Паримејникот содржи 104 пергаментни листа напишани со кирилско старословенско писмо. Овој ракопис е палимпсест и на некои места е читлив првобитниот текст којшто претставува византиско апракосно евангелие од X век. Настанувањето на овој ракопис, според јазичните особености, се сместува во областа на Јужна Македонија, во рамките на Охридската книжевна школа. Григоровичевиот паримејник содржи паримејни четива за Раѓањето на Христос и Богојавление, потоа четива за времето на Великиот пост, за периодот на цветниот триод, како и за одделни празници од месецословот. Помеѓу некои паримии се јавуваат и упатства од типикот за извршување на црковната служба, прокимени — стихови од псалмите што се кажуваат за време на црковната служба пред да се чита евангелието, апостолот или некоја паримија и сл. Текстот започнува со Првата книга Мојсеева, а завршува со Книгата на премудроста Соломонова (11:15).[5] Недостасуваат неколку листови во средината и крајот. Правописот е едноеров со употреба на три јусови знаци. Еровите често се заменуваат со чисти вокали, додека употребата на буквените знаци за носовките е строго нормирана.[1] ПоврзаноНаводи
Издание
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia