Струмички (Македонски) апостол
Струмички (Македонски) апостол — кириличен краток изборен апостол од втората половина на XIII век[1]. Наречен е според македонскиот град Струмица, од каде што го има набавено Павел Јозеф Шафарик, при својот престој во Нови Сад[1]. Препишан е со неуредна кирилица во некој провинциски југоисточен македонски книжевен центар, на што укажува употребата на Ѣ и правописно-јазичните особености, меѓу кои: неразликување на еровите (само ь) и носовките (всушност само ѧ и покрај бројни варијанти на нацртот), вокализација на еровите (о, е), ограничен одраз на деназализација (ѫ>ъ ,ѧ>е), промена цѢ>ца, редукција на вокалите[1]. По употребата на архаична лексика, близок му е на Охридскиот апостол[1]. Според содржинската структура систематизиран е во два дела: Дела на светите апостоли и Посланија на апостолите. Струмичкиот апостол потекнува од источна Македонија. Се смета дека е дело на препишувач од струмичкото говорно подрачје. За него е констатирано дека содржи интересна лексика што не се среќава во други ракописи. Од овој книжевен споменик се дознава дека некои од најтипичните црти на струмичкото наречје биле развиени пред околу 700 години. Потекнува од втората половина на 13 век и содржи 88 пергаментни листови, со формат 24х17 см. Пишуван е од еден пишувач, на старословенски јазик и кирилско писмо. Според содржината претставува краток изборен апостол. На крајот има календар (месецослов) со словенски имиња на месеците. Постарите проследувачи на овој споменик на словенската писмена традиција сметаат дека Струмичкиот апостол е препис од глаголица и го сместиле меѓу кирилските ракописи погодни за проучување на првобитниот превод на Светото Писмо. Струмичкиот (Македонски) апостол има значење и за проучување на развојот на словенскиот апостолски текст затоа што во него се среќаваат и се испреплетуваат постари и понови варијанти. Од друга страна, тој нуди и богат јазичен материјал за дополнување и уточнување на историјата на македонскиот јазик. Овој писмен споменик на културта со старословенско кирилско писмо се чува во Народниот музеј во Прага (Чешка), во збирката на П.Ј. Шафарик, под сигнатура IX E 25 (ѕ И) и е познат како Шафариков македонски апостол[2]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia