Болоњски псалтирБолоњски псалтир (познат и како Рамненски псалтир) — средновековен псалтир од средномакедонскиот период пишуван во селото Рамне, во близина на градот Охрид, но кој се вбројува во битолското ракописно наследство, од причини што се смета дека во Битола се користел овој псалтир.[1] Напишан е меѓу 1230 и 1241 година. За потребите на црквите во рамките на Охридската книжевна школа, а и подоцна до XV век биле создадени бројни богослужбени книги. Голем број од ракописите од освоjувачите се однесени од Охрид во Болоња, Москва, Софија, Белград, Загреб, Прага, како и во други центри. Овој значаен македонски книжевен ракопис денес се наоѓа во Августинскиот манастир во Болоња (Италија). Таму е уште од почетокот на XVIII век, по што го добил и името. Во него има 264 пергаментни листови (270/200 мм). Книгата ја напишале книжевниците Белослав, Јосиф и Тихота од селото Рамне, Охридско,[2] во периодот од 1230 до 1242 година. Ракописите од тоа време обично биле пишувани со рака на пергамент, а биле и богато украсени со орнаменти и позлата. Болоњскиот псалтир се цени дека е еден од наjубавите словенски ракописи од XIII век. Редакцијата е македонска, а правописот карактеристичен за Охридската книжевна школа.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia