Селото Лештен се наоѓа на 14 километри североисточно од Неврокоп и на 7 километри североисточно од општинскиот центар Грмен. Селото е планинско кое се наоѓа на надморска висина од 1093 метри на екстремните јужни падини на Западни Родопи. Атарот на селото зафаќа површина од 16.569 км2. Поради својата местоположба, селото има возбудлив поглед кон Неврокопската долина и Пирин, прекрасна архитектура чии куќи се типични за регионот.
Историја
Османлиско Царство
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Неврокопската каза. Црквата „Света Петка“ бил изградена во 1833 година.[1] Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лештен (Leschtène) е село со 59 семејства и 200 Македонци.[2][3] Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) за селото запишал дека во него има 56 бугарски куќи.[2][4]
Лештен, 1⁄2 час до левиот брег на Канина. Патот од Неврокоп до Фотовишта е рамен а одовде започнува да е стрмен и тесен. Нормалниот пат трае 4 часа. На прво место е сточарството. Бугарска црква. Куќи 56, бугарски. Најновото бугарско село...[2][5]
Во тоа време селото било општински центар со развиена трговија. Општината постоела до 1934 година, по што нејзините архиви биле преместени во општината во селото Ковачевица. Регистрите за граѓански статус се наоѓаат во општинскиот центар на селото Грмен, а ЕСГРАОН се наоѓа во селото Горно Драаново заедно со стар регистар за месното население.
Обновени се многу од старите куќи во селото, додека нивниот автентичен архитектонски стил е зачуван и куќите се претворени во вили за одмор за туристите. Поради автентичниот изглед на селото, таму честопати се правени играни филмови и музички видеа.
↑Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 36.
↑„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 18.
↑„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 12.
↑Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 75.
↑Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 49.
↑„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 43.