Емилијански јазик
Емилијанскиот е западноромански јазик, кој воглавно се зборува во регионот Емилија во Италија. Според податоците на УНЕСКО, јазикот го зборуваат околу 2 милиони луѓе и според истата организација јазикот се смета за „дефинитивно загрозен“.[1] Според SIL International јазикот го зборуваат 3 милиони.[4] Иако често јазикот се смета за италијански дијалект, сепак емилијанскиот не потекнува од италијанскиот. Одликите на јазикот се слични со францускиот, окситанскиот и каталонскиот јазик кои се дел од групата наречена „западни новолатински“, а италијанскиот е дел од групата на „источни новолатински“. Нема стандардна норма на емилијанскиот јазик. КласификацијаЕмилијанскиот е дел од подгрупата на емилијанско-ромањолски јазици од групата на галоиталски јазици. Јазикот е доста меѓусебно разбирлив со емилијанските дијалекти и ромањолскиот јазик. Географска распространетостЕмилијанските дијалекти се зборуваат во северноиталијанските региони Емилија и Ломбардија. Исто така, дијалектите може да се најдат во некои делови на регионите Тоскана и Венеција. СтатусЕмилијанскиот не е признат како малцински јазик од страна на Италија и ЕУ. Италија ја потпишала Европската повелба за регионални и малцински јазици на 27 јуни 2000 година, но не ја ратификувала (исто како Грција). Дијалекти![]() Општо гледано, јазикот е поделен на следниве дијалекти: централноемилијански, источноемилијански и западноемилијански.[3] Според SIL International јазикот е составен од следниве дијалекти:[4]
ПравописЕмилијанскиот се пишува со латиница. Писмото со кое се пишува јазикот не е стандардизирано, па така има различни правописни норми. Јазикот воглавно се изучува орално. Сепак во 1865 година била објавена библија на емилијанско-ромањолски јазик.[5] Примери
Наводи
Библиографија
Дополнителни информации
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia