Македонски претседателски избори (2009)
Македонски претседателски избори (2009) — четврти претседателски избори во Република Македонија. Беа одржани на 22 март и 5 април 2009, во исто време со изборите за локална самоуправа. На изборите учествуваа седум кандидати, а победи Ѓорѓе Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Предизборни анкетиСпоред анкетата, спроведена во јануари 2009 година, најголема поддршка имал Срѓан Керим, кој официјално подоцна истакнал дека нема да се кандидира за претседател, пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов. Анкета од февруари 2009 покажала дека Иванов води со 27%, а по него следеле Фрчкоски со 13%, Бошкоски со 10%, Селмани со 9% и останатите кандидати заедно со 18%. Во двобој, Иванов би победил над Фрчкоски со 36% наспрема 21%, но со голем број на неодлучени граѓани.[2] Анкета која била спроведена кратко пред изборите покажала дека Иванов води со 23,1% пред Селмани со 13,3% и Фрчкоски со 9,7%; 23,9% биле неодлучени.[3] Прв кругВо првиот круг, Иванов водел значајно пред другите кандидати со 35%, наспроти Фрчкоски кој добил 20% доволни за второ место, и со тоа продолжил во вториот круг. Имер Селмани од Нова демократија кој бил наречен „македонскиот Обама“ за неговата способност да ги пречекори етничките граници и да ги привлече и македонските гласачи, покрај албанските, бил најуспешниот од останатите кандидати, освојувајќи 15% од гласовите доволни за трето место, со независниот Бошкоски блиску зад него.[4][5] 103 гласачки места не можеле да бидат отворени поради обилните врнежи од снег; гласањето требало да биде одложено таму.[6] Меѓутоа, поради фактот што гласањето во тие места не можело да го промени на конечниот редослед во никој случај, тие сепак не биле отворени. Скоро 7.000 македонски и 500 странски набљудувачи ги следеле изборите во околу 3.000 гласачки места.[7] Фер и демократски избори е точка која се смета за важен фактор за приклучувањето на Македонија кон НАТО и Европската Унија. Втор кругНова анкета, спроведена една седмица пред вториот круг, покажала дека Иванов води со 25,4% од гласовите наспроти Фрчкоски со 13,8% (односно, 69% наспроти 31% од одлучените граѓани).[8][9] Неколку дена пред да се одржи вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се согласиле да се поддржат една со друга и на локалните и на претседателските избори.[10] Делумно поради постоењето на многу гласачи во избирачките списоци кои ја напуштиле Македонија пред многу години и живеат во странство, и делумно поради недостигот на мотив за етничките Албанци да учествуваат во вториот круг, постоеле стравувања дека може да не биде исполнет минималниот цензус од 40% во вториот круг, правејќи ги изборите неважечки.[11] РезултатиВо првиот круг кој бил одржан на 22 март 2009 никој од кандидатите не го освоил потребното апсолутно мнозинство, па бил одржан втор круг на 5 април 2009, во којшто се гласало за двата кандидати со најголем број гласови во првиот круг - Ѓорѓе Иванов и Љубомир Фрчкоски. Одзивот на гласачите во вториот круг бил 42,61%, малку над законскиот минимум од 40%.
Неважечки ливчињаИмало значаен број на неважечки ливчиња и во двата круга: 3,15% во првиот круг и дури 5,87% во вториот. Според извештаи од медиумите, тоа било резултат на апатијата на гласачите и разочараноста од истите. Имало извештаи за група на Facebook наречена „Гласајте за Чак Норис за претседател“ со илјадници обожаватели.[12] Имало извештаи според кои на илјадници ливчиња биле рачно допишани имиња како „Чак Норис“, „ГОСПОД“, „Џими Хендрикс“ или „Џорџ Буш“.[13][14] Извори
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia