Македонски претседателски избори (2014)
Македонски претседателски избори (2014) — редовни, петти, претседателски избори кои се одржале на 13 април и 27 април 2014 година. Истовремено со вториот круг на претседателските избори се одржаа и предвремени парламентарни избори. За првпат на овие претседателски избори македонските државјани кои живеат или работат во странство имаа право да гласаат во странство.[1] За избор на претседател на Македонија се бореа четворица кандидати. По вториот круг победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и дотогашен претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов. КандидатиСледуваат кандидатите за претседател на Македонија по азбучен ред:[2]
КандидирањеАктуелниот претседател на Македонија до 2014 година, Ѓорге Иванов успешно собрал 10.000 потписи на 1 март 2014 година. Свои 10.000 потписи поднеле и кандидатите Зоран Поповски од ГРОМ и Илијаз Халими од ДПА. Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, добил потписи од пратениците на опозицијата. ДУИ одлучи да ги бојкотира претседателските избори, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не го прифати нивниот предлог за избор на „консензуален кандидат“.[3] Покрај овие кандидати, 10.000 потписи собираа и Стојанче Ангелов од Достоинство, како и професорката Билјана Ванковска. И двајцата не успеаја да ги соберат потребните потписи за поднесување своја кандидатура на изборите.[4] РезултатиПрв кругПрвиот круг се одржал на 13 април 2014.[5] Водство во првиот круг остварил Иванов со освоени 448.303 гласови односно 51,65%, додека второпласиран бил Пендаровски со 326.069 гласови или 37,57% од избирачите кои гласале.[6] Втор кругВториот круг се одржа на 27 април 2014 година. Во него се пласираа кандидатите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски. Победи кандидатот на ВМРО-ДПНМЕ Ѓорѓе Иванов со освоени 534.910 гласови наспроти кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 398.077 гласови.
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia