Претседател на Собранието на Македонија
Претседател на Собранието на Македонија — главен раководител на Собранието на Република Македонија. Претседателот се избира од редот на пратениците со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (61 пратеник). Мандатот на претседателот трае четири години. Претседателот на Собранието го претставува Собранието, ги свикува седниците на Собранието и раководи со нив, се грижи за примена на Деловникот на Собранието, ги потпишува указите за прогласување на законите и врши други работи утврдени со Уставот на Република Македонија и со Деловникот на Собранието. Актуелен претседател на Собранието е Африм Гаши од Алтернатива.[2] ПотпретседателиПотпретседателите на Собранието на Република Македонија му помагаат на претседателот на Собранието во вршењето на неговата функција и го заменуваат во случај на отсуство или спреченост. Потпретседателите на Собранието се избираат од редот на пратениците и нивниот мандат трае четири години. Актуелни потпретседатели на Собранието се Јован Митрески од СДСМ, Весна Бендевска од ЗНАМ, и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.[3] Список на претседатели (од 1944 до денес)Список на претседатели на Народното Собрание на Социјалистичка Република Македонија (1944–1991)
Вршител на должност
Список на претседатели на Собранието на Република Македонија (1991–денес)
ЛПМ СДСМ ДА ЛДП ВМРО-ДПМНЕ ДУИ ВРЕДИ
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia