Дамјан (Ениџевардарско)
Дамјан (грчки: Δαμιανό, Дамјано; 1926 г. Δάμιανη, Дамјани[2]), на турски Сулукли или Сулуклу — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 396 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3] ГеографијаСелото е сместено во северозападниот крај на Солунското Поле (Пазарско Поле), 5 км североисточно од градот Пазар (Ениџе Вардар), по патот за Гуменџе. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Дамјан било мало, чисто македонско село во Ениџевардарска каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Дамија како македонско село.[4][5] Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Дамјан:
На почетокот на 1870-тите жителите на Дамјан биле меѓу ретките села во Ениџевардарско кои биле под врховенството на Бугарската егзархија. Во овој период се обратиле кај нејзината управа да издејствува ферман за изградба на црква во селото.[7] Според Николаос Схинас, во средината на 1880-тите Дамјан (Δαμνιανή) било село со 8 христијански семејства.[8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 90 жители, сите Македонци христијани.[9][10] Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Дамјан (Damian) имало 112 Македонци, сите под егзархијата.[9][11] Во селото работела и бугарската пропаганда. Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Δαμιανή) имало 130 егзархисти.[8][13] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 12 македонски куќи.[3] [8] Во ГрцијаВо 1912 г. Дамјан е заведен како село со христијанска и муслиманска вероисповед и македонски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 115 жители (60 мажи и 55 жени), кои во 1920 г. биле 114.[3][8] Во 1924 г. грчките власти го протерале сето население во Бугарија (115 лица), а малкуте тогаш присутни муслимани се иселени во Турција.[8] На нивно место се доселени грчки колонисти од Понд и Мала Азија.[3] Во 1926 г. е преименувано во Дамјано. Во 1928 година селото е претставено како чисто дојденско, со 373 жители од 100 семејства.[14] Во 1940 г. селото веќе нараснало на 642 жители. Оттогаш населението постепено почнало да опаѓа, и ова трае до денес.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото е полупланинско и релативно пасивно. Се одгледува пченица, тутун и грозје, а делумно е застапено и сточарството.[3] Личности
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia