Марко Матераци
Марко Матераци (италијански изговор: [ˈmarko mateˈrattsi], Ufficiale OMRI; роден на 19 август 1973 година) — поранешен италијански професионален фудблер, кој последната функција ја имаше како тренер во Индиската Супер Лига во тимот на Ченајин. На почетокот на кариерата, Матераци воглавно настапуваше за различни клубови од Серија Б и Серија Ц лигата, како и во премиерлигашот Евертон. Тој помина два периода во Перуџа од (1995–98 и 1999–2001) и после тоа потпиша за Интер, во јуни 2001 година за €10 милиони евра.Со Интер тој освои речиси се, пет пати беше победник во Серија A во периодот од 2006 до 2010 година, една титула во Лигата на шампионите, под водство на Жозе Мурињо, една титула на Фифа светското клупско првенство во фудбал, 4 титули во Копа Италија и исто толку трофеи во Супер Купот на Италија.[1] Матераци забележа 41 настап за фудбалската репрезентација на Италија од неговото деби во 2001 година, сè до 2008та година, играјќи на две Светски првенства и две Европски првенства. Тој беше еден од клучните играчи на Светското првенство 2006 година во Германија, на натпреварот проотив фудбалската репрезентација на Франција во финалето, каде што го постигна израмнувачкиот гол и ја одведе Италија во продолженијата, но беше дел од инцидентот, каде што беше удрен од Зинадин Зидан, после неговата провокација, кој потоа Зидан беше казнет со црвен картон. Италија победи во пенал рундата, каде што Матераци погоди уште еднаш. Тоа беше четврта светска титула за Италија. Тој претставуваше контроверзен и провокатиен тип на играч, и важеше како многу физички и агресевиен тип на одбранбен фудбалер, како и неговите тесни обележувањa, силен и остри одземања на топките, која го доведе да добие повеќе од 60 жолти картони и 25 црвени картони во текот на својата играчка кариера. Поради својот карактер, и неговата посветеност со тешки предизвици, тој бил вклучен во неколку кавги со други играчи за време на натпреварите,[2] со што бил споредуван со пензионираниот бранител Пасквале Бруно. Тајмс го стави Матераци како 45 на нивната листа, од 50 најжестоки фудбалери во историјата. Во текот на сезоната 2006-07, Матераци беше изгласан Серија А бранител на годината. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia