Анџело Перуци
Анџело Перуци (роден на 16 февруари 1970 година, во Блера) — италијански фудбалски тренер и поранешен играч, на позицијата голман. Тој бил член на шампионската репрезентација на Италија, која триумфирала на Светското првенство 2006 година. Перуци е исто така и трикратен добитник на наградата Голман на годината во Серија А. Перуци се пензионирал од професионалниот фудбал по сезоната 2006-07 и потоа работел како асистент-тренер на Чиро Ферара во Сампдорија во Серија А, позиција на која бил назначен во јули 2012 година, од страна на самиот тренер. Претходно тој му бил асистент на Ферара, две години и во младата репрезентација на Италија под 21-на година[1]. Играчка кариераКлупска кариераРома и ВеронаПеруци израснал во младинските категории на Рома, а своето деби во Серија А го имал на 13 декември 1987, во натпреварот Милан-Рома кој завршил со резултат 0-2, а во кој добил шанса поради повредата на стандардниот голман Франко Танкреди.[2] Со Џалоросите исто така играл и во наредната година, во која собрал 12 лигашки настапи, 7 во италијанскиот куп и еден во Купот на УЕФА. Во сезоната 1989-90 Перуци бил испратен на заем во екипата на Верона, која исто така тогаш се натпреварувала во Серија А, со цел да може да брани редовно. Тој собрал 29 настапи за клубот кој на крајот од таа сезона испаднал во Серија Б. Враќање во Рома и дисквалификацијаЗа време на сезоната 1990-1991 во Серија А, Перуци се вратил назад во Рома. По три кола во првенството, тој бил главниот лик заедно со Андреа Карневале во една допинг-епизода[3] во која бил позитивен на фентермин, по што бил дисквалификуван за дванаесет месеци.[4] ЈувентусЗа време на сезоната 1991-1992 тој потпишал за Јувентус за 4,5 милијарди лири[5], каде што ќе останe до 1999. По првата сезона, во која собрал 6 лигашки настапи и 6 во италијанскиот куп, Перуци станал постојан стартер на голот на Јувентус. Во сезоната 1992-1993, тој доаѓа до првиот репрезентативен успех, со победата во Купот на УЕФА. За време на сезоната 1994-1995 тој го освоил своето прво скудето, комплетирајќи ја сезоната со освојувањето на италијанскиот куп. Во 1995 година тој го освоил и италијанскиот Суперкуп. Во 1996 година тој се искачил на врвот на Европа откако ја освоил Лигата на шампионите, во финалето во Рим против Ајакс кога одбранил два пенали одлучувачки за освојувањето на трофејот, откако во редовното и дополнителното време резултатот бил нерешен. Во 1996 година тој исто така го освоил и Суперкупот на Европа и Интерконтиненталниот куп, соодветно во натпревари против ПСЖ и Ривер Плата. Во сезоната 1996-1997 и 1997-1998 тој освоил уште две скудета со Јувентус и еден италијански Суперкуп, но и загубил две последователни финалиња во Лигата на шампионите. Во сезоната 1998-1999 тој ја одиграл неговата последна сезона на голот на Јувентус, по која тој замина од клубот откако направил вкупно 301 настап; во лигата и домашните купови и меѓународните натпревари. Во текот на годините во Јувентус, тој бил наречен "дива свиња" од страна на неговиот соиграч Анџело Ди Ливио заради неговата извонредна физичка големина, прекар што ќе се врати, исто така, во следните тимови.[6] ИнтерТој потоа отишол во редовите на Интер, придружувајќи му се на Марчело Липи кој бил негов тренер и во Јувентус. Како голман на нероазурите собрал 33 настапи. На крајот на сезоната Себастијан Фреј се вратил во Интер и Перуци бил продаден на Лацио. ЛациоВо летниот преоден рок пред почетокот на сезоната 2000-2001, шампионот на Италија, Лацио го купил Перуци. Во тимот од престолнината играл седум години и направил над 200 настапи. Во 2000 година тој го освоил италијански Суперкуп (4-3 победа над Интер), а во 2004 година тој победил во италијанскиот куп (2-0 и 2-2 во двата натпревари во финалето против Јувентус). Во некои од натпреварите тој ја носел и капитенската лента. Како играч на Лацио тој играл трипати во Лигата на шампионите и дошол до третото место во првенството на Италија во два наврати. Тој го најавил неговото пензионирање од фудбалот на 29 април 2007 по завршувањето на римското дерби помеѓу Рома и Лацио, кое завршило 0-0. На 37 години, последниот настап во својата кариера, Перуци го имал појавувајќи се во последните минути од натпреварот Лацио-Парма одигран на 20 мај 2007, како негов славенички поздрав. Репезентативна кариераТој го направил своето деби во фудбалската репрезентацијата на Италија на 25 години, во натпреварот Италија-Естонија 4-1 на 23 март 1995. Под водство на Ариго Саки, Перуци станал прв голман и учествувал на Европското првенство во 1996, каде што Италија била елиминирана во првиот круг. Како во клубот, така и во репрезентацијата на Аѕурите, неговата кариера бил погодена од повреди кои ги ограничиле неговите настапи. Тој всушност го прескокнал Светското првенство 1998, за кое тој бил поканет како прв голман, но поради повреда му ја препуштил таа позиција на Џанлука Паљука. Во 2004, по 5 годишно отсуство, тој се вратил во националниот дрес кога селектор бил Трапатони, кој го поканил него за настап на Европското првенство 2004 како трет голман. За крај, на возраст од 36, тој добил повик за настап и на Светското првенство 2006 како втор голман, замена на Џанлуиџи Буфон. Имено, на тоа првенство Италија станала шампион, а Перуци заработил златен медал. Тој собрал вкупно 31 настап за националната селекција. Хронологија на репрезентативните настапиТренерска кариераОд 2008 до 2010 тој бил дел од персоналот во репрезентацијата на Италија, како технички соработник на селекторот Марчело Липи. На 22 октомври 2010 бил именуван за помошник тренер на репрезентацијата на Италија под 21-на година, во период кога селектор бил Чиро Ферара . На 2 јули 2012, како резултат на задоволството на Ферара од Перуци, тој го назначил својот поранешен соиграч (Перуци, од сезоните во Јувентус) за помошник и во Сампдорија, која Ферара ја презел малку порано истото лето. По серија лоши резултати, Ферара бил отпуштен заедно со Перуци. ТитулиКлупски
РепрезентативниИталијаНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia